Регион

Радев на службени патувања ќе оди со неговиот личен автомобил

Бугарскиот парламент ја лиши администрацијата на претседателот Румен Радев од правото да користи превоз од службата за безбедност

Почнувајќи од 20 октомври, бугарскиот претседател Румен Радев ќе патува во својот личен автомобил за време на посетите на земјата.

Тој се солидаризира со вработените во неговиот кабинет кои ќе ги користат личните автомобили за извршување на нивните должности, објавија медиуми..

На почетокот на октомври, бугарскиот парламент одобри измени на Законот за Службата за национална безбедност, со кои администрацијата на претседателот Румен Радев ја лиши од правото да користи превоз од службата за безбедност.

„…Како претседател на Република Бугарија, нема да ги прекршам моите принципи и ќе останам солидарен со вработените во институцијата“, објави Радев.

Тој изрази надеж дека неговите мотиви ќе бидат разбрани и споделени.

Во 2017 година, Радев пријавил дека поседува еден личен автомобил – Citroen C5, купен за 3.300 лева во 2014 година.

Утрово, бугарскиот претседател за новинарите изјави дека сака да покаже солидарност со своите вработени.

„Не доаѓам од улични банди, ниту од политичка епрувета. Формирав систем на вредности токму кај овие луѓе – луѓето со сини еполети, каде што концептите на должност, одговорност и солидарност не се празни концепти“, рече Радев.

И ги повика пратениците да „одат до крај – да излезат од лимузините и да одат да работат службена работа во лични автомобили“.

„На овој начин, некои од нив конечно ќе ги запознаат своите гласачи“, иронично додаде Радев.

Најнови вести од: Регион

Дали Грција летово ќе зема биометриски податоци на граница?!

Грција ќе ја оценува состојбата и ќе ги презема соодветните мерки и за да го опслужува зголемениот број патници и да е во согласност со регулативата, објасни портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Васил Стерјовски: „Македонскиот е мојот мајчин јазик“

Иако зборува албански подобро од тужителот и адвокатите инсистирал дека македонскиот му е мајчин јазик и дека не ги разбира доволно правните термини на албански јазик, нагласувајќи дека обезбедувањето превод е неопходно за фер и правично судење

To top