Свет

Почна испорака на храна за Појасот Газа, но тоa е недоволно

Илјадници возила за помош ќе треба да влегуваат во Појасот секоја недела за да се ублажи кризата

Светската програма за храна на ОН испорачува просечно околу 560 тони храна дневно откако стапи на сила примирјето меѓу Израел и Хамас, објави Ројтерс..

Но, тоа сè уште не е доволно за да се задоволат потребите во енклавата.

Со оглед на гладот во делови од Газа, заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања, Том Флечер, во среда изјави дека илјадници возила за помош ќе треба да влегуваат во појасот секоја недела за да се ублажи кризата

„Сè уште сме под нивото што ни е потребно, но стигнуваме до таму. Примирјето отвори тесен прозорец на можности и Светската програма за храна многу брзо и агресивно дејствуваше за да ја зголеми помошта во храна“, рече Абир Етефа, портпарол на Светската програма за храна.

Светската програма за храна (WFP) соопшти дека не започнала со дистрибуција на помош во градот Газа поради континуираното затворање на два гранични премини – Зиким и Ерез – со Израел во северниот дел од енклавата, каде што хуманитарната криза е најостра.

„Пристапот до градот Газа и северна Газа е исклучително тежок“, рече Етефа, додавајќи дека конвоите што носат пченично брашно и пакети со храна за јадење имаат тешкотии при движењето по оштетените или блокираните патишта од југот на територијата разурната од војната.

Иако мали количини храна стигнаа на север, конвоите со помош сè уште не се во можност да транспортираат значителни количини храна таму, како и во други области.

„Вчера имавме 57 камиони во јужна и централна Газа. Сметаме дека ова е пробив, но сè уште не сме на ниво од околу 80-100 камиони дневно“, забележа Етефа.

Најнови вести од: Свет

Трамп планира да гради Триумфална Капија во Вашингтон

Претседателот Доналд Трамп има намера да остави траен печат врз главниот град на Соединетите Американски Држави преку изградба на триумфална капија во стилот на париската, сместена веднаш западно од Меморијалот на Линколн.

To top