Регион

Георгиев: Македонија да го промени уставот и да ги вклучи Бугарите

Се надева дека по изборите во Македонија, владата ќе се посвети на спроведување на јасните обврски преземени во 2022 година

 

Шефот на бугарската дипломатија, Герг Георгиев се надева дека по изборите во Македонија, владата ќе се посвети на спроведување на јасните обврски преземени во 2022 година.

Во одговор на новинарско прашање, бугарскиот министер за надворешни работи рече дека, за жал, една од непријатните карактеристики на изборите е тоа што мислите и зборовите на политичарите се вадат на површина, за што веројатно подоцна ќе зажалат.

„Не треба да ги држиме нашите внатрешнополитички предизвици како заложници на европската политика и меѓународните односи.

Се надевам дека по изборите во Македонија, страстите таму ќе се смират и владата ќе може да се посвети на јасните обврски преземени во 2022 година.

Бугарија нема промена во својата позиција, ниту пак причина за промена.

Уставот на Република Македонија мора да се промени во сите негови делови, Бугарите мора да бидат вклучени, како прв чекор за започнување преговори“, објасни Георгиев, пренесува „БТА“.

Радев: Унгарија да ја убеди Македонија да прифати уставни измени

Најнови вести од: Регион

Албанската мафија ги сопна Кушнер, кој е зет на Трамп, и неговиот мега-проект

Кога жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивниот мал остров, бидејќи станува збор за одземена дедовина, тој не ги послушал.

To top