Македонија

Малоку: ДУИ стана пречка за развојот на Албанците во РМ! Ахмети, кој владееше 20 години корумпирано и со скандали, треба да се пензионира час поскоро!

Анализа на д-р Фадил Малоку, професор по социологија во Приштинскиот универзитет во врска со причините за поразот на Али Ахмети и ДУИ на македонските локални избори, но и за причините, поради кои Ахмети се урниса како политички лидер во очите на Албанците од Македонија.

„Долгиот престој на Али Ахмети на власт, исполнет со скандали, роднинство, со поклонување нему како да е идол, како  и со иконографија на воени симболи, предизвика тој засекогаш да ги изгуби и харизмата на албански водач во војната и политичката моќ, која, која ја компромитираше додека беше на власт. ДУИ, наместо да се развива со текот на времето, стана сериозна пречка за развојот и еманципацијата на Албанците во Македонија. Затоа Ахмети и ДУИ доживеаја пораз на локалните избори.“ – нагласува професорот Фадил Малоку во својата колумна со наслов „Во Македонија не победи ‘Вреди’, туку загуби Али Ахмети?“.

Во колумната, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје, Малоку пишува: Во теориите на развојната социологија, постојат мноштво објаснувања поврзани со почетокот на ерозијата на разни политички лидери, кои ја издигнаа својата харизма на метеорски начин – или преку симболичниот капитал на војната (Али Ахмети, Хашим Тачи и т.н.), или преку капиталот на мирот (Ибрахим Ругова, Албин Курти и т.н. Овие типови лидери првично почнуваат да се „промовираат“, да се катапултираат, или да се тестираат преку предизвици, што се јавуваат во идентитетските (војни), социјалните кризи на вредности, или во економските и егзистенцијална кризи. Али Ахмети е токму типичен пример за политичката елита, што настана од продолжениот морален капитал на војната и националниот отпор, но која, со долгото останување во политиката и потрошувањето на сите привилегии на власта, со фијаското што го доживеа на последните избори во Македонија, ја потврди тезата дека е посоодветно потрошената и атрофирана елита да се пензионира колку е можно побргу, за да го зачува и она малку ‘лице’, што ѝ остана.

Ова мора да се случи и затоа што новата генерација не толерира ниту понуди ниту барања со позадина, покриена со иконографија и фолклор, за да се владее со нив. Оваа генерација, како и во другите нации и држави (погледнете ја Србија, тамошните ‘блокадери’), не толерира понуди, што немаат практична содржина и кои не се поврзани со нивните интереси. Долгиот престој на Али Ахмети на власт, со скандали, непотизам, роднинство, поклонување нему како идол и иконографија на воени симболи, предизвика тој засекогаш да ја изгуби и харизмата (изградена со жртви во војната) на албанското раководење и политичката моќ (која ја компромитираше со отстапки) додека беше на власт.

Албанците во Македонија моментно се во процес на преобразба на идентитетот, каде што колективниот (национален) идентитет полека, но сигурно се движи и се заменува со критички граѓански (државен) идентитет. Целата оваа преодна архитектура, која ДУИ не ја разбира, се совпаѓа и со тековните демографски промени, со промените во урбанизацијата, иселувањата во новите пристапи кон образованието и дигиталните медиуми. Ова се промени, кои се случуваат забрзано  не само во Македонија, туку и во целиот регион на Балканот. 

На овие избори, практично се потврди дека младите Албанци повеќе не гласаат врз основа на етничка припадност, со иконографијата и фолклоризмот од минатото, туку се сè повеќе склони кон зајакнување на стандардите на демократскиот свет – меритократија (заб.прев. владеење врз основа на заслуги), транспарентност и одговорност. ДУИ претрпе изборно фијаско токму поради оваа вредносна грешка. Во умовите и убедувањата на граѓаните ДУИ престана да се проектира како сила за политичка и економска еманципација. Тамошните албански граѓани, со тоа што не ја избраа опцијата што ги зајакнуваше идентитетските вредности две децении, покажаа дека понудата на ДУИ беше погрешна и спротивна на случувањата и процесите. Се  случи она што се случи претходно во Косово во 2021 година: личностите, што беа долготрајно корумпирани и поврзани со многу скандали, ги презаситија граѓаните со симболиката на фоклоризам. Таа симболика потона.

Неуспехот на Ахмети стана очекуван, откако ДУИ се претвори во структура, каде што  донесувањето одлуки не беше развиено како производ на широк консензус на актерите, туку како централизиран и неформален чин од еден лидер како што дејствуваше Али Ахмети. Недостатокот на внатрешно размислување, заедно со поттикнувањето на клиентелизмот, ги згасна речиси сите канали на комуникација и интеракција со граѓанската база и го предизвика поразот на ДУИ. ДУИ престана да биде извор на идеи, концепти и политички понуди.

Криејќи се во ареолата на корумпирана, непотистичка, роднинска и полтронистичка самодоволност, ДУИ падна од тронот на власта. Таквото однесување ја сведе оваа партија на административна творба, контролирана од кланови и интересни групи. Значи, ДУИ, наместо да се развива со текот на времето, стана сериозна пречка за развојот и еманципацијата на Албанците во Македонија. – заклучува социологот Фадил Малоку во својата анализа.

Најнови вести од: Македонија

Без електрична енергија делови од неколку скопски општини, како и населени места во Студеничани

Планираните прекини во испораката на струја во некои населби, или улици во Скопје веќе започнаа во 8 часот, на повеќе места ќе уследат во 8,30 часот а ќе траат до 13 часот, или до 14,30, но некаде и до 16 часот.

Митески: Аеродром ќе добие за првпат нов културен дом – Самоиницијативно се работи и дневно се депонира во „Дрисла“ повеќе од 10 тони отпад

„Со изборната програма, што опфаќа многу проекти, од сите населени места, од Долно Лисиче до Мичурин, се предвидува општина Аеродром да добие и театар и кино – места кадешто ќе можат да уживаат во културата сите генерации во Аеродром.“ – изјави вчеравечер кандидатот за градоначалник на оваа општина од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Митески во гостувањето во „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

Средби на македонски и британски министри во Лондон

Главата цел зошто сме тука е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои ќе се одржат утре. Берлинскиот процес го организира лично премиерот Кир Стармер и повторно ќе имаме чест во краток период од само 5-6 месеци премиерот Мицкоски да разговара со премиерот Стармер, изјави министерот за транспорт, Александар Николоски.

Немаме никаква обврска ниту долг кон „Комунална хигиена“ Скопје, велат од МЗ

Од МЗ велат дека тврдењата за неплатен долг од пет милиони евра се неточни и оти целта им е да се нанесе штета на угледот на Министерството или да се амнестира некој од сопствените обврски

Најнови вести

To top