Македонија

Општина Аеродром самоиницијативно го чисти отпадот поради пропустите на „Комунална хигиена“

Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, изјави дека е потребен здрав разум за да се одговори на безобразноста и дрскоста во врска со состојбата со собирањето отпад.

Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, изјави дека е потребен здрав разум за да се одговори на безобразноста и дрскоста во врска со состојбата со собирањето отпад. Тој нагласи дека ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, под раководство на Данела Арсовска, е одговорно за собирање на сметот, празнење на контејнерите и чистење во сите општини во Скопје, за што граѓаните на Аеродром редовно плаќаат.

Митески посочи дека во населбата Лисиче повеќе од 10 дена не се празнат контејнерите и не се собира отпадот од домаќинствата.

„Како општина поднесовме кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје и до Министерството за внатрешни работи. Одговорноста има име и презиме и таа мора да се детектира. Нашите комунални инспектори двапати ги казнија со по 80.000 евра, но попусто – кај нив не владее здравиот разум“, истакна Митески.

Тој додаде дека, иако не е во надлежност на општината, тимовите од Аеродром самоиницијативно чистат на целата територија, од Долно Лисиче до Мичурин.

„Благодарност до општините Илинден, Зелениково, Сопиште, како и до сите општествено-одговорни компании кои помагаат во целиот процес. Ќе издржиме уште 10 дена – Аеродром ќе го исчистиме!“, порача Митески.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top