Регион

По 12 години борба Северина живее со синот

Северина откри дека ја добила најважната битка досега

По 12 години борба, мојот син живее со мене, рече Северина на концертот во родниот Сплит.

– Сега песна за најважниот човек во мојот живот, неговото срце чукаше под моето. Неколку пати се обидоа да ми го одземат, а денес, по 12 години борба, мојот син живее со мене – рече Северина по што ја испеа песната „Роѓено моје“.

Сплиќани ја пречекаа пејачката со силен аплауз, иако концертот почна еден час подоцна поради гужвата на влезовите.

Шест камиони ја донесоа опремата тешка 150 тони. Сцената беше осветлена и врамена со 200 квадратни ЛЕД екрани. Ваква опрема беше инсталирана за првпат во сплитската сала.

Интимна димензија на концерт му дадоа видео позадините, кои прикажуваа досега невидени приватни снимки од Северина и од нејзините најблиски – трогателни моменти од минатото, семејни средби и почетоци во кариерата.

Северина и нејзиниот 60-член тим го подготвуваа концертот два месеца.

Најнови вести од: Регион

Вучиќ го прогласи нападот пред Собранието за терористички чин: Поранешен агент од Државната безбедност е напаѓачот

Поранешен член на Државната безбедност е напаѓачот пред српското Собрание, како што откри претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во вонредно телевизиско обраќање, при што го нарече нападот „терористички чин“.

To top