Македонија

Митески: Кино, театар, нови паркинг места и спортска сала во Аеродром

Кандидатот за градоначалник најави капитални проекти во интерес на граѓаните и со цел да се обезбедат подобри услуги и услови за живот

 

„Многу скоро, после вториот круг на избори, почнуваме со првото кино и театар во Аеродром, веќе имаме потпишан договор, издадено одобрение за градење и за многу скоро ќе почнеме и со фактичка реализација на лице место, вели Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Студио 10 на ТВ 24.

Митески истакна дел од капиталните проекти кои се предвидени да се реализираат во општината, се во интерес на граѓаните и со цел да се обезбедат подобри услуги и услови за живот.

„Изработка на сообраќаен проект за решавање на сообраќајниот хаос во Стар Аеродром и Мичурин за систем за еднонасочни улици и воведување на дополнителни паркинг места на постоечката инфраструктура којашто постои во тој дел на општината.

Изградба на нова спортска сала во делот позади ФФМ, веќе е распишан тендер од страна на Министерството за спорт, и конечно да го оплемениме тој простор.

Покрај спортска сала, предвидени се и отворени спортски терени.

Во првата година од мандатот ќе започнеме со изградба на нова градинка, Пчелка 1 во населба Лисиче, се со цел да обезбедиме подобри услуги за граѓаните, истакна Митески.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top