Македонија

Јовановски: 12 години во Кичево нема ништо ново

Кандидатот за градоначалник вели дека се потребни промени кои ќе донесат нови инвестиции и крупни инфраструктурни проекти

„Во овие 12 години имаме само иселување, немаме поврат, немаме никаква инвестиција, немаме ништо ново. Градот ни тоне во мрак, во ѓубре, во несигурност. Нè треба човек кој сака да работи, кој е чесен и посветен на градот, а не кој се води по лични или националистички интереси. Нè требаат фабрики, инвестиции и крупни инфраструктурни проекти“ рече во гостување на „Сител“  – рече кандидатот за градоначалник на Општина Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.

Јовановски ги посочи трите приоритетни проблеми кои ќе ги решава со самото доаѓање на местото градоначалник:

„Горлив проблем е тоа што актуелниот градоначалник направи една “претоварна” станица за отпад или за ѓубре, во самиот центар на градот, значи тука буквално населението ни е отруено не само од миризба, така да топ проект ни е тоа да го отстранам од тука, имам решение, имаме тим, имаме проект изработен и знаеме каде прво ќе го дислоцираме.

Втор проект ни е да ги ослободиме граѓаните да се движат слободно, да не бидат напаѓани од глутници кучиња, јас имам проект со кој што ќе ги згрижиме кучињата на најхуман начин, изградба на стационар, вработување на стручни лица, институционално ќе го решиме проблемот, актуелниот градоначалник не го реши тоа.

Третиот проект односно проблем кој ќе го решам е течењето на фекалии, пример општината Зајас денес нема канализација, имаат некој дел или крак меѓутоа две третини не се решени, по асфалтирани улички течат фекалии“. рече Јовановски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top