Бизнис

„Гунвор“ ќе биде нов сопственик на бензиските пумпи „Лукоил“ во Македонија

„Гунвор“ потврди дека е во преговори со „Лукоил“ за евентуално преземање на неговите странски средства. „Гунвор“ е мултинационална компанија со седиште во Кипар, основана во 2000 од рускиот олигарх Генади Тимченко и шведскиот милијардер Торбјерн Тернквист. Таа е четвриот најголем трговец со сурова нафта на светот.

„Лукоил“ објави дека ќе ги продаде неговите странски имоти на глобалниот трговец со енергенси „Гунвор“, на што се реши откако Доналд Трамп воведе санкции за вториот по големина руски производител на нафта поради војната во Украина. Продажбата на средствата е најзначајната акција што руската компанија ја презема поради западните санкции.

„Лукоил“ соопшти дека прифатил понуда од „Гунвор“ за продажба на „Лукоил интернешнал“, кој ги контролира странските имоти на нафтениот гигант.

  • „Клучните услови на трансакцијата се претходно договорени од двете страни. ‘Лукоил‘ ја прифати понудата, обврзувајќи се да не преговара со други потенцијални купувачи“, соопшти „Лукоил“.

„Гунвор“ е мултинационална компанија со седиште во Кипар, основана во 2000 од рускиот олигарх Генади Тимченко и шведскиот милијардер Торбјерн Тернквист. Таа е четвриот најголем трговец со сурова нафта на светот.

На 22 октомври, Трамп воведе санкции за руските државни нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“ поради одбивањето на Владимир Путин да ја заврши војната во Украина, една недела откако ваква одлука донесе и Велика Британија.

„Лукоил“ учествува во светското производство на нафта со 2%. Ги поседува најголемата балканска нафтена рафинерија „Лукоил Нефтохим“ во Бургас и рафинеријата „Петротел“ во Романија, ги снабдува со нафта Словачка, Унгарија и турската рафинерија „СТАР“ и има удели во нафтени терминали и малопродажни синџири за гориво во Европа и разни проекти за производство на нафта и гас во Централна Азија, Африка и Латинска Америка.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): Студот ги оштети лозјата во Тиквешијата, родот сериозно намален

Овоштарите велат дека ниту една осигурителна компанија не прифаќа осигурување на родот од мраз. Стручњаците објаснуваат дека во вакви случаи единствено решение за овошките и родот е чадење. Густиот чад создава завеса која го ублажува ладењето на пониските слоеви на воздухот.

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе се заврши на време, „лажни се тврдењата за милијарда евра“

Самопрогласени ‘синдикални лидери’ шират невистини, лаги и манипулации за изградбата на автопатот Охрид–Кичево. Ќе чинел милијарда евра, никогаш немало да се заврши и слични небулози. Без ниеден факт! Нула, напиша Николоски.

Македонското стопанство во грч – пазарите под удар на страв од нова ескалација

Цената на нафтата Brent crude oil надмина 125 долари за барел, додека азиските берзи забележаа пад, под притисок на новите геополитички тензии и неизвесноста околу конфликтот меѓу САД и Иран. Јунските фјучерси на Брент пораснаа за 6,2 проценти на 125,36 долари, додека американската сурова нафта достигна 109,38 долари за барел.

(Видео): Народна банка со пакет-мерки за стабилизирање на инфлацијата

„Монетарната политика и натаму е во зоната на претпазливост. Каматната стапка е на непроменето ниво, а истовремено се применуваат и дополнителни мерки – заострување на задолжителната резерва, повлекување ликвидност од банкарскиот систем, зголемени капитални барања за банките и построги кредитни стандарди. Овој пристап овозможува координирано делување врз инфлациските притисоци и кредитната активност“, посочи Митреска.

(Фото): Странски промет од 52 милиони евра во македонските онлајн продавници

Од АТЕМ посочуваат дека 7,3 милиони евра или 14 отсто од вредноста на трансакциите се направени од иматели на платежни картички издадени во САД, потоа 5 милиони евра од Швајцарија и 3,6 милиони евра од Германија. Потоа следат Турција со 3,4 милиони евра Ирска со 2,5, Бугарија со 1,3, Обединетото Кралство со 1,2 милиони евра и Србија со 1,1 милиони евра.

To top