Македонија

Кампањата „Супер добри дела“ на Рудник САСА ги инспирираше децата од Македонска Каменица да станат еко-херои

Рудник САСА реализираше еко кампањата „Супер добри дела“

Во периодот од 22 до 31 октомври 2025 година, Рудник САСА, во соработка со детската градинка „Бамби“, основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, ја реализираше еко кампањата „Супер добри дела“, наменета за најмладите членови на заедницата. Преку забавни и едукативни активности, кампањата ги поттикна децата да научат повеќе за рециклирањето, заштитата на животната средина, општествената одговорност и емпатијата.

Во рамки на оваа еко кампања, децата на возраст од четири до шест години од ЈОУДГ „Бамби“, учениците од прво до петто одделение од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и корисниците од Дневниот центар за лица со посебни потреби, предводени од своите наставници и асистенти, рециклираа пластични шишиња во вендинг машината во градот, донирана од Фондацијата на Рудник САСА. За секое рециклирано шише тие добиваа поени, а средствата добиени од рециклирањето, кои со одлука на менаџментот на Фондацијата на Рудник САСА беа неколкукратно зголемени, ќе му бидат ставени на располагање на Дневниот центар за лица со посебни потреби за набавка на потребните намирници. Како награда за своето учество, децата добија симболичен подарок – еко торба, како и влезници за едукативната театарска претстава со еколошка порака „Марсовски пикник“, која беше изведена во Домот на културата во Македонска Каменица.

Претставата, исполнета со хумор, музика и интерактивна игра, на креативен начин ги запозна најмладите со темите за рециклирањето и грижата за планетата Земја.

„Со оваа еко кампања сакавме да покажеме дека секое мало добро дело создава голема промена, како за заедницата, така и за животната средина. Особено сме среќни што преку игра и забава ги вклучивме децата во процесот на учење за рециклирањето и солидарноста,“ изјави Марија Стојановска, раководител на Службата за заштита на животната средина во Рудник САСА.

Еко кампањата „Супер добри дела“ е дел од низата општествено одговорни активности што ги реализира рудникот САСА во рамките на својата долгорочна стратегија за заштита на животна средина, одржлив развој и поддршка на локалната заедница.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Сите лажни пораки за плаќање казни за сообраќајни прекршоци стигнуваат од странски броеви

Сите лажни пораки, кои ги добиваат граѓаните, а кои се однесуваат дека извршиле некаков сообраќаен прекршок за кој треба да платат казна стигнуваат од странски броеви и многу лесно може да се идентификува дека тоа не е Министерството за внатрешни работи

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

Повеќе од 70 експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови технологии во областа на контролата на квалитетот, лабораториските анализи, регулативата и безбедноста во нафтената индустрија.

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта

Насилството не може да се решава само кога ќе се случи инцидентот, туку преку навремена превенција, функционални механизми за заштита и активно вклучување на учениците

To top