Македонија

Tетовец со 3,94 промили алкохол во крвта се судрил со хрватско возило

47 годишен тетовец

Ноќеска во 1.30 часот на булеварот Маршал Тито во Тетово сообраќајни полицајци го уапсиле тетовецот Ј.С.(47) од градот. Претходно, тој со неговото патничко моторно возило „форд“ со тетовски регистарски таблички учествувал во сообраќајна незгода со возило „ауди“ со хрватски национални ознаки, во која е причинета само материјална штета.

„При преземање мерки во врска со незгодата полициските службеници констатирале дека Ј.С. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,94 промили алкохол во крвта“, соопшти СВР Тетово.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик за кривичното дело Безобзирно управување со моторно возило.

Најнови вести од: Македонија

ТАВ Аеродроми: Меѓународниот Аеродром Скопје официјално ја доби наградата ASQ за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI во Истанбул

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, официјално ја доби престижната награда за квалитет на аеродромски услуги (ASQ) за 2025 година во категоријата „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World). Наградата беше доделена за време на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI што се одржа во Истанбул на 2 септември 2026 година.

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ на Плоштад Македонија

настанот ќе почне во 20 часот и преку музика, глума и танц, во вид на мултимедијален сценски спектакл, ја раскажува приказната за 35 години независност на Македонија, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении

To top