Регион

Вучиќ: Со Путин не сум се видел три години и три месеци

За присуствувото на парадата за Денот на победата во Москва Вучиќ рече дека целта била да им оддаде почит на Црвената армија и југословенските партизани кои ја ослободија Србија

kremlin.ru

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ се пожали дeка неговата земја е неправедно обвинета за авторитаризам и нагласи дека Белград сè уште има намера да се приклучи на Европската Унија, и покрај тоа што одржува блиски врски со Русија и одбива да ја признае независноста на Косово.

Во интервју за германското издание „Цицеро“, тој исто така се пожали дека „секој ден е прикажан како некаков Хитлер“.

„По нападот на Русија врз Украина, не се сретнав со Путин три години и три месеци. Пред војната во Украина, се среќавав со него најмалку три пати годишно.

Многу европски лидери го посетуваа или разговараа со него по телефон. Јас не го направив тоа.
Ние го осудуваме нападот на Русија врз Украина и верувам дека постапивме многу чесно.

Но, моја должност беше да присуствувам на овој настан. Сепак, од почит кон Украина, не се појавивме на Црвениот плоштад со војници или воена опрема“, рече тој.

За присуствувото на парадата за Денот на победата во Москва Вучиќ рече дека целта била да им оддаде почит на Црвената армија и југословенските партизани кои ја ослободија Србија.

Најнови вести од: Регион

Русија ја поздравува победата на Румен Радев

Тој не ја маскира својата проруска ориентација, која ја демонстрираше како шеф на државата. Поранешниот претседател покажа афинитет кон Москва за историски, економски и воени прашања во своите јавни изјави за време на изборната кампања

Британски „Фајненшел Тајмс“: Румен Радев е „Тројанскиот коњ’ на Владимир Путин во Европа“, кој може да „формира и промосковски ориентирана влада“!

„Пријателски настроениот кон Русија поранешен претседател Румен Радев се предвидува да победи на парламентарните избори на 19 април 2026 година во трката за премиер. Тој се повлече од претседателската функција во јануари, за да се кандидира за помоќната премиерска функција. Левичарската партија „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев е на врвот на анкетите за јавното мислење пред осмите предвремени избори во земјата за пет години. Победата на Радев би можела да ја приближи Бугарија – југоисточната членка на ЕУ и НАТО до Москва.“ – објави вчера угледниот британски весник „Фајненшл Тајмс“ во својата анализа со наслов „Тројанскиот коњ’ на Владимир Путин е во водство на бугарските избори“.

To top