Регион

Радев: Никогаш немало вето за Македонија, но има Договор, протоколи…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не ставила вето за Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, објави БГНЕС. На заедничката прес-конференција со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и албанскиот претседател Бајрам Бегај, која се одржа по Самитот на шефови на држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа […]

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не ставила вето за Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, објави БГНЕС.

На заедничката прес-конференција со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и албанскиот претседател Бајрам Бегај, која се одржа по Самитот на шефови на држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Радев изјави:

„Постои Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и два протоколи. Постои Преговарачка рамка од 2022 година, европски консензус од сите земји членки и од Владата на *Македонија, така што Бугарија никогаш не поставувала, ниту ќе поставува услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и од двата протокола.

„Она што сакаме да го видиме е реално почитување на човековите права. Говориме за човекови права, чекаме веќе три години да започне процесот на пристапување и отворање на преговорите со * Македонија, вклучително и со уставните измени“ рекол бугарскиот претседател, пренесува бугарската БГНЕС.

Претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека Скопје не добива доволна поддршка од соседите на патот кон евроинтеграцијата.

На ова Радев ѝ одговори дека „не станува збор за нерешени билатерални односи, не станува збор за вето или за стопирање на процесот од страна на некоја соседна држава.“

Тој уштре додал дека „сакам да ве уверам дека Бугарија, како најблиска и пријателска земја, подава рака за да помогне, за вашето државно раководство и општеството многу побрзо да се справат со предизвиците и да ги исполнат Копенхашките критериуми за членство“, порачал Радев

Најнови вести од: Регион

И од ОН критика дека Бугарија измислува малцинства во Албанија

Посебен акцент во своето излагање специјалниот известувач ставил на мешањето на соседни држави во малцинските прашања, при што директно се осврнал,на случајот со Бугарија и обидите за инструментализација на малцинствата во Албанија, истакнувајќи дека во „такви ситуации малцинските прашања ја надминуваат рамката на човековите права и стануваат прашање на меѓународен мир и безбедност“

Меѓу надеж и страв – Бугарија преминува на евро на полноќ на 31 декември, можни се технички проблеми

Бугарија влегува во нова историска фаза со чекор што одамна е подготвуван на хартија. Од 1 јануари 2026 година, земјата официјално ќе го замени левот со еврото и ќе стане 21-ва членка на еврозоната, со што симболично и институционално ќе се врзе уште подлабоко за срцето на Европската Унија. Одлуката доаѓа по години технички подготовки, исполнување строги критериуми и долга политичка дебата, но и во момент на внатрешна нестабилност, недоверба и масовни протести.

To top