Свет

Сите траги за саботажата на „Северен тек“ водат кон Киев

Основани сомневања дека нападите биле извршени од елитна украинска воена единица под директна команда на тогашниот врховен командант на украинската армија, генерал Валериј Залужни, кој сега е амбасадор во Обединетото Кралство

Истрагата на врвен тим германски детективи дојде до заклучок што се заканува да го поткопа единството во поддршка на Украина, бидејќи сите индиции за „експлозиите“ на гасоводот водат директно до Киев, објави ексклузивоно The Wall Street Journal.

Гасоводите „Северен тек“ 1 и 2, од кои најдолгиот се протегаше повеќе од 1.200 километри под Балтичкото Море, носеа руски природен гас до Германија и остатокот од Европа. По руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, тие станаа центар на политички конфликт. Додека некои земји бараа гасоводите да бидат затворени за да се спречат приходите на Русија, други, предводени од Германија, се двоумеа поради нивната зависност од евтино гориво.

Нападите во септември 2022 година ставија крај на таа дебата.

Според истражителите, се оформува „јасна слика“ за тоа како елитна украинска воена единица ги извршила нападите што во септември 2022 година го потресоа енергетскиот систем на Европа. Целта на акцијата, велат изворите, била да се намалат приходите на Русија од гас и нафта и да се прекинат економските врски меѓу Москва и Берлин.

Германските истражители, следејќи траги поврзани со чартер-компании, телефонски броеви и регистарски таблички, собрале доволно докази за да издадат налози за апсење на тројца војници на специјалните сили и четворица нуркачи.

Клучен доказ, според извештајот, е црно-бела фотографија од германска сообраќајна камера на која е прикажано лицето на еден од нуркачите. Со користење на софтвер за препознавање лица, полицијата за неколку минути го идентификувала осомничениот и ги пронашла неговите профили на социјалните мрежи, што довело и до другите членови на групата.

Еден од нуркачите бил следен до Полска, од каде што, според податоците на германската полиција, бил транспортиран назад во Украина со црно БМВ со дипломатски таблички, управувано од украинскиот воен аташе во Варшава.

По повеќемесечна потрага, командантот на диверзантската единица бил пронајден во Италија. Истражителите првично имале само фотографија од насмеан маж на пасош, кој се покажал како вистински украински документ издаден на туѓо име — практика што, според полицијата, е честа кај тајните украински операции.

Благодарение на податоци добиени од граничната полиција на „пријателска земја“, германските истражители успеале да го идентификуваат осомничениот како 46-годишниот Сергеј К., ветеран од украинската Служба за безбедност (СБУ). Тој, според документите, командувал со противвоздушна единица за време на битката за Киев.

Уапсен Украинец за експлозијата на гасоводот „Северен тек“

Судот во Болоња кон крајот на октомври ја одобри екстрадицијата на Сергеј Кузнецов во Германија, но неговата одбрана поднесе жалба до Врховниот суд, кој треба да одлучи до декември. Во меѓувреме, Кузнецов започна штрајк со глад, а украинскиот комесар за човекови права Дмитро Лубинец пријави дека неговата здравствена состојба се влошила.

Германската полиција веќе подготви специјален авион за негов транспорт до Хамбург, каде што треба да се одржи судењето.

Најнови вести од: Свет

Сеуште нема потврда од Пентагон: Иран објави дека четири балистички ракети го погодиле USS Abraham Lincoln во Персискиот Залив

Засега нема потврда за директни жртви или штети на USS Abraham Lincoln, но самото тврдење на ИРГК значително ја заострува реториката и ги зголемува ризиците.

По смртта на Али Хамнеи: Еден од најавторитетните живи шиитски ајатоласи прогласи џихад против Америка и Израел

Еден од најавторитетните живи шиитски ајатоласи во Иран, Нaser Мекарем Ширази, денеска објави отворен повик за џихад против Соединетите Американски Држави и Израел, непосредно по потврдената смрт на врховниот водач ајатолах Али Хаменеи во израелско-американските удари врз Техеран.

Привремениот совет пред одлука: Дали Иран ќе се откаже од фатвата на Хаменеи во време на војна?

Смртта на врховниот водач на Иран, ајатолах Али Хаменеи, во превентивните удари на Израел и САД врз Техеран, ја отвора вратата за потенцијална промена во иранската нуклеарна политика.

Кој ќе го наследи Хаменеи?: Формиран привремен совет, во меѓувреме Багдад гори во антиамерикански протести

Иран влегува во длабока политичка криза по потврдената смрт на врховниот водач ајатолах Али Хаменеи, убиен во заедничкиот превентивен напад на Израел и САД врз Техеран вчера.

Потврдена смртта на Хамнеи: 40-дневен период на жалост во Иран

Иранските државни медиуми потврдија дека врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи (86 години), е убиен во својата канцеларија во заедничките американско-израелски напади врз Иран, пренесува Ал Џезира и други меѓународни извори.

To top