Македонија

Паднаа првите оставки од НАИ, Кренар Лога се повлекува од Алијанса за Албанците

Кренар Лога, поранешен министер за правда и истакнат член на Алијанса за Албанците, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции во партијата. Оваа одлука ја соопшти преку својот профил на Фејсбук, опишувајќи ја како „тежок, но зрел чекор“.

facebook.com/KrenarLloga.ASh

Кренар Лога, поранешен министер за правда и истакнат член на Алијанса за Албанците, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции во партијата. Оваа одлука ја соопшти преку својот профил на Фејсбук, опишувајќи ја како „тежок, но зрел чекор“.

Лога нагласи дека на повлекувањето му претходела „долга анализа и рефлексија“, истакнувајќи ја својата целосна посветеност во последните десет години. – Ова не е лесна одлука за мене затоа што во текот на целиот пат ја вложив својата енергија, срце и душа, па дури и повеќе од тоа. Запознав искрени луѓе, верни соработници и пријатели со кои поминавме битки што оставија трага врз сите нас – порача Лога.

Во објавата, тој се осврна и на судирите и критиките низ годините, нагласувајќи дека секогаш говорел директно и без пресметки. – Доколку некој се почувствувал повреден од мојот збор или однесување, искрено се извинувам. Но секогаш сум ја кажувал вистината, дури и кога тоа не беше популарно – вели тој.

Како генерален секретар, а потоа и потпретседател на Алијанса за Албанците, Лога изрази благодарност до членовите, активистите и гласачите кои му ја дале довербата.

Посебно се потсети на своето семејно и политичко наследство, истакнувајќи дека е воспитан во средина која се спротивставувала на неправдите од југословенскиот период. – Воспитан сум со духот на национална преродба и патриотизам, дух кој секогаш ќе ме поддржува, без оглед на тоа што ќе ми го понуди животот – истакна Лога.

На крајот, тој најави дека иако се повлекува од партијата, ќе продолжи да делува како независен глас. – Ќе останам меѓу вас, но како солист, можеби потешко, но со слободен дух и љубов кон луѓето – вели Лога.

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Се прават анализи колкав ќе биде процентот што ќе го добие судствотo, но и споредби како е тоа регулирано во европските земји

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека до крајот на годината ќе бидат донесени реформските закони, поврзани со правосудството и бидејќи со нив се бара финансиска независност се анализира како тоа е решено во други земји во Европа. Но тој нагласува оти ќе се бара отчетност за секој потрошен денар преку Државниот завод за ревизија и собраниската комисија.

Масакр во селото Завидинице, во Србија: Локален жител пукал врз соседите, двајца мртви и двајца повредени

Четиричлено семејство во селото Завидинице беше цел на оружен напад, според први информации, извршен од нивен сосед. Се уште не се познати мотивите за оваа трагедија.

To top