Бизнис

Раст на даночни приходи, нови инвестиции и дигитализација – Предлог-буџетот за 2026. во Собрание

Буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5% од БДП или 637 милиони евра. Капиталните инвестиции се проектирани на 650 милиони евра. За покривање на долгот, планирани се околу 1,7 милијарди евра, од кои 950 милиони преку еврообврзница. Економскиот раст за в година се очекува да порасне на 3,8%, а инфлацијата да падне на 2,5%. Ова е историски најтежок буџет и ќе тежи 6,7 милијарди евра.

Повеќе пари за плати и пензии, а помаку за социјални надоместоци. Буџетот за 2026 година е „развоен, реален и одговорен“, предвидени се пари за се, но сепак мора да се внимава на трошењата, велат економистите.

Најголем двигател на растот во 2006 година ќе бидат бруто-инвестициите, пред се Коридорите 8 и 10Д, како и проекти во енергетиката, земјоделието, образованието и здравството, предвидени со Предлог-буџетот за 2026 година, кој е исклучително развоен со силна социјална компонента, нагласува пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Емил Спасовски. Според него, целта е забрзување на економскиот раст и спроведување фискална консолидација преку зајакната финансиска дисциплина.

  • Во 2026 година се очекуваат позитивни движења и економскиот раст да забрза за 3,8%, како резултат на растот на инвестициите и последователен пад на стапката на невработеност на историски најниско ниво од околу 10%, раст на пензиите и платите и солидно зголемување на приватната потрошувачка. Најголем придонес кон растот во 2026 година се очекува да имаат бруто инвестициите, преку реализација на големите инфраструктурни проекти, финансирани од државата, во патната и железничката инфраструктура, пред се Коридорите 8 и 10Д, како и проекти во енергетиката, земјоделието, образованието и здравството – рече Спасовски на вчерашната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година.

Тој ги истакнува капиталните инвестиции како клучни за стапката на развој.

  • Значајна ставка во Предлог буџетот се капиталните расходи, каде капиталните проекти учествуваат со околу 9,8% од проектираниот буџет, односно се проектирани во износ од 660 милиони евра. Од овие средства ќе се реализираат инфраструктурни и енергетски проекти, капитални проекти од областа на сообраќајната, комуналната и локалната инфраструктура. Ќе се финансира западниот дел од патниот Коридор 8, изградба на железницата како дел од Коридорот 8, каде што првата делница од Куманово до Бељаковце е пуштена во употреба, интензивно се работи на втората делница од Бељаковце до Крива Паланка за која се обезбедени средства и третата делница од Крива Паланка до Деве Баир, рече Спасовски.

Во државната каса ќе се слеат повеќе пари од данок на личен доход за 8,7%. Најголем пораст ќе има кај приходите од данокот на добивка од над 14%. Од ДДВ во државната каса ќе се инкасираат 1,5 милијарди евра. Од социјални придонеси на граѓаните ќе се наплатат 1,98 милијарди евра. Ваквите амбициозни планови, според професорите, се засноваат на воведувањето на е-фактура, како и пад на сивата економија.

Со новото прекројување на државната каса ќе се градат патишта, болници, училишта. Експертската фела смета дека буџетот е полн со предизвици, односно дека ќе има пари за се, но сепак, мора да се внимава како се троши, поготово на непродуктивни давачки, оти според нив, ние сме сепак социјална држава.

Буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5% од БДП или 637 милиони евра. Капиталните инвестиции се проектирани на 650 милиони евра. За покривање на долгот, планирани се околу 1,7 милијарди евра, од кои 950 милиони преку еврообврзница. Економскиот раст за в година се очекува да порасне на 3,8%, а инфлацијата да падне на 2,5%. Ова е историски најтежок буџет и ќе тежи 6,7 милијарди евра.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top