Македонија

Загина жена на тротоар во Охрид кога во неа удри автомобил

Три други лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 22:30 часот во Охрид. Патничко возило марка „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот И.С. од село Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, најпрво удрило во метален столб, а потоа и во двајцата пешаци – А.Б. (45) од […]

Три други лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 22:30 часот во Охрид.

Патничко возило марка „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот И.С. од село Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, најпрво удрило во метален столб, а потоа и во двајцата пешаци – А.Б. (45) од Охрид и Д.П. (52) од Скопје, информираат од СВР Охрид за Плусинфо,

Жената била итно префрлена во Специјалната болница „Св. Еразмо“, каде што лекарите констатирале смрт. Скопјанецот Д.П. се здобил со тешки телесни повреди, а и возачот и неговиот 19-годишен сопатник К.М. добиле повреди, констатирани во охридските болници.

„Несреќата се случила кога возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитен столб и завршил на пешачка зона, каде што ги удрил двете лица. Се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на настанот“, изјави за Плусинфо портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител, 22-годишниот возач И.С. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 2 од Кривичниот законик – „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Најчитани вести

Нема вести со доволно читања во последните 7 дена.

To top