Свет

ОН го поддржаа планот на Трамп за Газа

Американскиот проект предвидува формирање привремено управно тело – „мировен совет“ – за Газа и меѓународни сили со мандат од 2 години

Omar-Al-Qattaa-AFP

 

Резолуцијата на Советот за безбедност беше усвоена со 13 гласа „за“, а Руската Федерација и Кина беа воздржани

Усвојувањето на резолуцијата им дава меѓународен легитимитет на акциите во Газа. Тоа е официјален план за управување, одобрен од највисокото тело на ОН, за идното управување и стабилизација на Појасот Газа, врз основа на американскиот предлог.

Американскиот проект предвидува формирање на привремено управно тело во рамките на палестинската енклава (Појасот Газа), наречено „мировен совет“, и создавање на меѓународни сили за стабилизација со мандат од 2 години.

Овој совет треба да ги преземе административните функции и да ја подготви Газа за идно постабилно управување.

Мировниот план започна со реципрочно ослободување на израелските заложници од страна на Хамас во замена за палестинските затвореници што ги држи Израел. По гласањето во ОН, сега може да се формира администрација во Газа под меѓународен надзор и може да се распореди странски воен персонал за да се гарантира стабилноста и да се помогне во разоружувањето.

Најнови вести од: Свет

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

Европа мора да постави трговска политика со Кина, предупредување од директорот на Институтот за германска економија

Ваквата ситуација се однесува и на трговските ограничувања, критично прашање за извозно ориентираната германска економија. Хитер оцени дека Европа мора да ја води својата трговска политика со поголема самодоверба.

Најнови вести

To top