Свет

Саудиска Арабија ќе инвестира близу 1 билион долари во САД

Саудијците ќе ги зголемат своите инвестиции од сегашните 600 милијарди долари

 

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за време на вчерашната средба со Белата куќа во Вачингтон, го извести претседателот Трамп Кралството Саудиска Арабија ќе ги зголеми своите инвестиции од 600 милијарди долари во САД на близу 1 билион долари.

„Сакам да ви се заблагодарам затоа што се согласивте да инвестирате 600 милијарди долари во Соединетите Држави, а бидејќи тој е мој пријател, можеби ќе го направи тоа со еден билион, но ќе морам да работам на него“, речеТрамп за време на нивниот состанок во Овалната соба.

Бин Салман,се согласи дека бројката ќе биде близу 1 билион долари, пренесе Си-Би-Ес њуз.

За време на првата администрација на г-дин Трамп, претседателот се залагаше за 450 милијарди долари саудиски инвестиции во САД, но економската анализа на Институтот за арапски држави од Заливот покажа дека извозот на американски стоки и услуги во Саудиска Арабија од 2017 до 2020 година изнесувал само една петтина од тоа, околу 92 милијарди долари.

Најнови вести од: Свет

Володимир Зеленски ја обвини Европа дека чека насоки од Доналд Трамп

Украинскиот претседател вели дека Европа е во „режим на Гренланд“ и треба да знае како да се одбрани, наместо да чека САД да дејствуваат. Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа говор на Светски економски форум во Давос, во кој остро ги критикуваше европските лидери поради, како што рече, неодлучност, одолговлекување и потпирање на САД во клучни безбедносни прашања.

Бриселски медиуми: Трамп ги спаси европските лидери од донесување тешки одлуки, инаку никогаш немаше да се договорат!

Американскиот претседател Доналд Трамп им ја олесни работата на европските лидери на денешниот неформален Самит во Брисел, на кој веројатно никогаш немаше да постигнат договор за жесток одговор кон Вашингтон по заканите за воведување царини и за преземање на Гренланд, оценуваат медиумите во Брисел.

Кај Солун се снимал додека возел со 304 км/ч на пат со ограничување од 90 км/ч! (Видео)

Покрај тоа што возел пребрзо, возачот самиот го снимал маневрирањето, што значи дека го вози возилото само со една рака, што предивикува дополнителна опасност. Снимката направена на пат кај Солун заврши на ТикТок. Како што се очекуваше, видеото се рашири молневито, привлекувајќи го вниманието на полицијата, која брзо го пронајде прекршителот и на крајот го фати.

Пронајден починат македонски државјанин кој исчезна во Брисел пред 22 години

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во Брисел му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција

Најнови вести

To top