Македонија

Заменик-министерот Ристески зеде учество на панел дискусија во рамки на Саемот на бизниси од Пелагонискиот регион „ПЕЛО ФОРУМ 2025“

Здруженија на млади, бизнис секторот, државни и локални институции

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески зеде учество на панел дискусија со наслов Бизнис и Млади“ која се одржа во рамки на Саемот на бизниси од Пелагонискиот регион „ПЕЛО ФОРУМ 2025“во Битола.

На панел-дискусијата претставници од здруженијата на млади, бизнис секторот, државни и локални институции дискутира за поголемо вклучување на младите во стопанските текови во Пелагонискиот регион, како и предизвиците со кои се соочуваат младите во влезот на пазарот на труд.

Заменик-министерот Ристески на панел дискусијата се осврна на активностите и проектите коиминистерството за економија и труд ги спроведува за подобрување на условите за вработување на младите, развивање на нивните вештини и помаш за отворање на нивни сопствени бизниси.

– Главна мерка на министерство за економија и труд за подобрување на состојбата на младите лица на пазарот на труд е секако Оперативниот план за вработување, каде годинава издвоивме рекордни средства во износ од преку 10 милиони евра за поддршка на млади лица до 29 години за отворање на сопствен бизнис, со досега највисока поддршка до 10.000 евра по апликант. Годинава за користење на средствата од оваа мерка пристигнаа повеќе од 2250 апликации, а одобрени се вкупно 950 грантови, додека конкретно за Пелагонискиот регион пристигнати се 237 пријави, од кои за 115 е одобрен грант. Ова е силна порака до нас како Влада и ни укажува дека постои голем интерес и желба кај младите да отворат сопствен бизнис и да останат дома, како и дека треба да продолжиме да ги имплементираме и догодина – кажа Ристески.

Ристески се надоврза и за останатите мерки од Оперативниот план кои се во насока на подобрување на вештините на младите за нивна интергација на пазарот на труд, како што се мерките за практиканство, мерките за обуки за здобивање на дополнителни вештини и доусовршувања со што на младите би им се зголемила компетитивноста на пазарот на труд, како и обуки за прекфалификации и насочување кон  струки кои се дефицитарни на пазарот на труд.

Саемот на бизниси од Пелагонискиот регион „ПЕЛО ФОРУМ 2025“ е оргаизиран од страна на Регионалната стопанска комора од Битола во соработка со здружението „Про Локал“ од Битола.

На настанот се обратија и учество, покрај замник-министерот Ристески, зедоа и Н.Е. Узлем Џанел– Амбасадорка на Кралството на Холандија, Даниела Димовска – Директор на Агенција за иновации научно технолошки развој и претприемништво (ИНОВА), Мирко Велковски – Претседател на регионална стопанска комора, претставници од повеќе државни институции и општини од регионот, како и претставници од граѓанскиот сектор.

Најнови вести од: Македонија

Казината подалеку од училиштата – Законот за игри на среќа на јавна дебата во Собрание

Предлог законот предвидува во иднина казината да не смеат да бидат лоцирани во близина од најмалку 500 метри до училиштата, како и забрани за нивно рекламирање особено дека со нив се постигнува финансиски успех или пак кое е посебно насочено кон малолетни лица да се вклучат во игрите на среќа.

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското Море

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот 10 што се наоѓа во морскиот дел на Кипарискиот Залив, во јужниот дел на Јонското Море во Грција. Согласно договорот, Chevron ќе стекне 70% удел во концесијата и ќе ја преземе улогата на оператор, додека HELLENiQ ENERGY ќе задржи 30% од сопственичкиот удел.

Промовирана иницијативата за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција. Пред претставниците на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер […]

To top