Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Дали остана само Кузеска, има ли и некој друг во седиштето на СДС, која веќе воопшто не знае каде тера?!

„Во времето кога СДС владееше јавноста и медиумите требаше да бидат гласни со денови и седмици, за да се реагира во врска со некој случај. Но дури и тогаш обвинителството и судството не отвораа предмети и остануваа неми за тоа прашање. Ако беше некој од осомничените од СДС, или близок до врвот на СДС, тогаш со сигурност тој поединец не одговараше.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во својата реакција.

„СДС се појави во јавноста со прес-конференција по 4 дена за тема со која Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, успешно се справи. Тоа беше поздравено и од ЕУ. Но, има ли и некој друг во седиштето на СДС, или остана само Кузеска?“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката партија посочува: По 4 дена молк СДС се јави со прес-конференција. Но, оваа денешна прес-конференција е доказ дека оваа партија воопшто не знае каде тера. Во време кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт нема афери, нема скандали, ниту местени тендери. Затоа е и молкот од СДС.

Денес, кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, без помпезност, без да дознаат прво јавноста и медиумите, надлежните органи работат веднаш и се постапува во врска со одредени сомнежи, или докази за одреден криминал или корупција. Без разлика на партија или нација, секој што се огрешил пред законот мора да одговара.

Разликата е очигледна. Затоа по повод денешното појавување на СДС во јавноста прашуваме: дали Кузеска е сама во седиштето на СДС и излегува со вака неподготвена изјава? Повикуваме на реформи во СДС, на чело со Филипче. – нагласува ВМРО ДПМНЕ во својата реакција.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top