Македонија Регион

Балуку останува суспендирана од работа и не смее да ја напушта земјата

Специјалниот суд против корупција и организиран криминал не ги промени одлуките

Судското тело на Специјалниот суд против корупција и организиран криминал, по повеќе од четири часа сослушување ја остави непроменета одлуката за албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика Белина Балуку и двајца директори на јавни претпријатија.

– По сослушувањето за злоупотреба на тендерите за тунелот „Логораса“ и „Големиот надвозник во Тирана“, судот одлучи да останат во сила двете безбедносни мерки за Балуку – „суспендирање на вршењето на должноста и функцијата“ и „забрана за напуштање на земјата“.

Специјалното обвинителство ги истражува двата тендера вредни 210 милиони евра.

Во истото досие осомничени се и Ералд Елези, директор на албанската електро корпорација, КЕШ и Гентиан Ѓули, прв човек на државната Агенција за патишта, на кои им е одредена мерка „куќен притвор“.

Пред два дена судот одлучи да ја суспендира вицепремиерката Балуку од нејзините должности, тврдејќи дека таа, заедно со двајцата директори, може да уништи докази.

И при влегувањето и по излегувањето од судот, Балуку одби да даде изјава за медиумите.

Како што вчера најави премиерот Еди Рама, Владата испрати барање до Уставниот суд против одлуката за суспензија на вицепремиерката од функцијата. Тој одлуката ја нарече брутален чин на мешање во независноста на извршната власт и уникатен пример во светот.

Инаку компанијата на алабнската вицепремиерка беше една од компаниите кои соработуваат со фирмата на младиот Дрин Ахмети, „Тхор индустри“ кои заедно ја купија зградата „Соравија“ и беа поврзани со тендерот за изградба на паркинг на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Најнови вести од: Македонија Регион

Завршни зборови во морбидниот случај за убиството и касапењето на телото на 79-годишна жена од Штип

Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со овие зборови обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од ШТИП„ поради убиството на 79 годишната Борјанка Николова, што се случи лани во ноември, ја негираше својата вина во завршните зборови пред основниот суд во Велес. Обвинителството, пак посочувајќи на бруталноста на […]

Видео: Пораки од телефон ја отвараат приказната против експретседателката на Антикорупциска Димитровска

Еден ручек . Толку ја чинело експретседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска полагањето на тестот за безбедносен сертификатат. Но, не е сигурно дека нејзиниот колега Миле Столевски кој полагал наместо неа, ќарил ручек. Ова произлегува од пораките кои обвинителството ги прочита пред судот со кои ја товари Димитровска за комјутерски фалсификат. Експретседателката и обвинетиот Столевски го […]

To top