Македонија

Ги прошируваме можностите за соработка и инвестиции во инфраструктурата – Николоски во ОАЕ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е дел од високата делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски каде заедно со други владини претставници се во работна посета на Обединетите Арапски Емирати. Во рамки на посетата предвидени се низа економски средби со претставници на државни инвестициони фондови и бизнис комори. На […]

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е дел од високата делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски каде заедно со други владини претставници се во работна посета на Обединетите Арапски Емирати. Во рамки на посетата предвидени се низа економски средби со претставници на државни инвестициони фондови и бизнис комори.

На својот фејсбук профил, вицепремиерот Николоски напиша:

-Деновиве сум дел од високата делегација предводена од Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати каде што се предвидени бројни средби и тематски состаноци.

Планирани се повеќе средби на повеќе теми меѓу кои можностите за економска соработка, потенцијалните инвестиции и можни инфраструктурни проекти. Официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати е на покана од Неговото Височество Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, претседател на ОАЕ и владетел на Емиратот Абу Даби.

Во рамки на посетата ќе оствариме средба со претседателот на ОАЕ воедно и владетел на Емиратот Абу Даби, Н.В. Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјани и со Н.В. Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, потпретседател и премиер на ОАЕ, и владетел на Емиратот Дубаи, како и повеќе државни инвестициони фондови на Емиратот Абу Даби и стопански комори, објави вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top