Бизнис

ИПАРД-3 програмата не е блокирана, цело време се склучуваат договори

Министерот објасни дека веднаш по сознанијата за злоупотреби од страна на директорот и други лица, бил активиран Националниот механизам, по што националниот координатор презел мерки за брза реакција и привремено стопирање на работата на Платежната агенција со цел да се утврди што точно се случувало.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, на собраниската седница посветена на пратенички прашања изјави дека борбата против корупцијата и криминалот мора да биде бескомпромисна и без исклучоци.

  • Борбата со корупција и криминал не познава граници. Ние како Влада и како Министерство тоа го покажавме на дело. Независно дали некој извршува политичка или државна функција, доколку го прекршил Законот, треба да одговара. Сомнежите што постојат мора да се истражат и сите инволвирани да одговараат – рече Трипуновски.

Тој потсети дека претходната власт и покрај притисоците од јавноста, укажувањата и документите од свиркачи, не постапувала по наводите за сериозен криминал особено во Министерството за земјоделство додека со него раководел поранешниот министер Љупчо Николовски.

Министерот објасни дека веднаш по сознанијата за злоупотреби од страна на директорот и други лица, бил активиран Националниот механизам, по што националниот координатор презел мерки за брза реакција и привремено стопирање на работата на Платежната агенција со цел да се утврди што точно се случувало.

  • Тоа не значи блокада на средствата од Брисел, како што тврдеше опозицијата. Обидите да се манипулира јавноста дека ќе изгубиме 130 милиони евра грантови и дека земјоделците ќе останат без поддршка се невистини -рече Трипуновски, додавајќи дека реакцијата на државата била оценета позитивно токму од Брисел.

Министерот посочи дека тековните активности во Агенцијата се одвиваат согласно планираната динамика, а ИПАРД апликациите се во фаза на евалуација.

  • Во ИПАРД 3 Програмата (2021–2027) вкупниот буџет изнесува 128 милиони евра од кои 97 милиони се европски средства, а 31 милион евра национално кофинансирање. Од 453 склучени договори, 289 се веќе исплатени, 111 корисници немаат поднесено барања за исплата, а 53 договори се во фаза на чекање. Паѓаат во вода обвинувањата на опозицијата дека илјадници договори ќе останат без средства и дека земјоделството ќе колабира – истакна министерот.

Најнови вести од: Бизнис

Хуманоста како традиција: „АЛКАЛОИД“ со нова донација за здравјето на најмладите

Од првиот Хуманитарен пикник до денес собрани се близу 14 милиони денари наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и за иницијативи за заштита на животната средина

Мицковски: Со завршувањето на проектот за антимон ќе ја зголемиме важноста на Македонија и економскиот стандард

Тој се повикува и на првичните извештаи за резервите, според кои, како што наведува, тие би можеле да бидат значително поголеми од збирните резерви на двете водечки земји во светот во производството на антимон

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските транспортери

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските превозници. Од 23 септември оваа земја треба да почне да прима барања за долгорочни визи. Ова го најави Билјана Муратовска од Макам-транс. Во другите земји сè уште важи старото правило, возачите можат да бидат во Шенген најмногу 90 дена во период од 180 дена.

To top