Спорт

Од -7 до победа: Игнас Саргиунас и најлудиот пресврт во историјата(ВИДЕО)

Во квалификацискиот меч за Евробаскет 2027 меѓу Велика Британија и Литванија, одигран во Велика Британија, се случи еден од најдрамтичните пресврти во историјата на европската кошарка. На десет секунди пред крајот, Литванците губеа со 87:80 – наизглед безизлезна ситуација.

Тогаш на сцена стапи Игнас Саргиунас, крилниот играч на литванскиот гигант Литвос Ритас.

На 9,8 секунди до крајот, Саргиунас погоди чиста тројка и намали на 87:83. Литванија веднаш направи намерен фаул, Британците реализираа само едно од двете слободни фрлања (88:83), а по ново брзо додавање, Саргиунас повторно беше прецизен од лакот – 88:86, останати 3,5 секунди.

Следеше катастрофално додавање на домаќините и загубена топка. Саргиунас ја грабна топката, истрча и од речиси половина терен, со сирената што веќе свиреше, ја погоди тројката за конечни 89:88 во корист на Литванија.

Салата занеме. Играчите, тренерите и гледачите на двете страни се фатија за глава во неверување. За само десет секунди, Игнас Саргиунас со три тројки (од кои последната од 12-13 метри) го претвори поразот во историска победа и го впиша своето име меѓу легендите на литванската кошарка.

Најнови вести од: Спорт

To top