Свет

Зеленски нареди ревизија на клучните одбранбени документи на Украина

Одлуката доаѓа во период на засилени руски офанзиви во областите Запорожје и Донецк

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди целосна ревизија на основните одбранбени документи на земјата, по состанокот со највисоките воени и разузнавачки функционери одржан вчера. Одлуката доаѓа во период на засилени руски офанзиви во областите Запорожје и Донецк, како и во пресрет на клучните разговори со Соединетите Американски Држави за можностите за завршување на војната, пренесува Kyiv Independent.

Време е да се ажурираат темелните одбранбени документи на Украина, изјави Зеленски, додавајќи дека текот на воените операции укажува на тоа кои треба да бидат новите приоритети на украинската одбрана.

Според претседателот, министерот за одбрана Денис Шмигал ги претставил главните точки кои бараат промени во одбранбениот план. Тој ќе подготви детални предлози што ќе бидат доставени до Владата. Зеленски посебно истакна дека владата и Министерството за одбрана мора да обезбедат целосно финансирање за набавка на дронови – средство на кое Украина се потпира за да ја компензира руската бројна и огнена надмоќ.

Претседателот одржал и одвоена средба со шефот на военото разузнавање Кирило Буданов, воочи разговорите со американски претставници. Буданов, кој е дел од украинската делегација предводена од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров, го информирал Зеленски за безбедносната и политичката ситуација и клучните точки за претстојните преговори.

Состанокот се одвива во време на значајни промени во врвот на украинската власт, по оставката на Андриј Ермак, поранешниот шеф на Кабинетот на претседателот. Ермак се повлече само ден по претресот што Националното биро за борба против корупцијата го изврши во неговиот имот, во рамки на голема истрага за проневера во државната нуклеарна компанија „Енергоатом“. Очекувањата се дека Зеленски наскоро ќе назначи нов шеф на кабинетот.

Според изјава за Kyiv Independent од опозицискиот пратеник Јарослав Железњак, во јавноста се споменуваат четири можни кандидати: премиерката Јулија Свириденко, министерот за дигитална трансформација Михаило Федоров, разузнавачкиот шеф Кирило Буданов и министерот за одбрана Денис Шмигал. Железњак оценува дека токму Шмигал е најизгледниот кандидат за функцијата.

Најнови вести од: Свет

Претседателката Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на владите во Дубаи

Сиљановска-Давкова ќе учествува на глобалниот Форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува првпат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики

Трамп: Најновите документи за Епштајн ме ослободуваат од обвинувањата

Американскиот претседател Доналд Трамп, реагираше на објавувањето на повеќе од три милиони страници документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, тврдејќи дека документите го ослободуваат од обвинувањата.

Норвешката принцеза до Епштајн : „Ти ми го грепкаш мозокот“

Според новообјавените документи од Министерството за правда на САД, кои содржат милиони страници од досиејата поврзани со Џефри Епштајн, норвешката кралска принцеза Мете-Марит (сопруга на престолонаследникот Хаакон) е спомената над илјада пати.

To top