Свет

Досега 440 мртви, најмалку 400 исчезнати во поплавите во Индонезија (ВИДЕО)

Катастрофалните поплави одзедоа стотици животи и доведоа милиони луѓе во опасност

 

Во Индонезија, спасувачките екипи се тркаат со времето во потрага по најмалку 400 луѓе за кои се стравува дека се закопани во лизгање на земјиштето откако поројните дождови го погодија регионот пред речиси една недела.

Властите потврдија дека бројот на жртви само на островот Суматра надмина 440.

Индонезија е погодена од исклучително редок тропски циклон, кој предизвика катастрофални лизгања на земјиштето, однесе домови и поплави илјадници згради.

Според Националната агенција за управување со катастрофи, луѓе се водат како исчезнати во провинциите Ацех, Северна Суматра и Западна Суматра. Помошта се испраќа по воздушен и морски пат, но некои села се уште се отсечени, а има и извештаи за кражба на храна и вода, објавува Би-Би-Си.

Бурите и обилните дождови низ Тајланд, Малезија, Филипините и Шри Ланка убија повеќе од 900 луѓе овој месец.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

To top