Бизнис

Македонија трета во Европа според растот на БДП!

Според Државниот завод за статистика, македонската економија во третиот квартал пораснала за 3,8 отсто

Реалниот раст на бруто општествениот производ од 3,8 проценти во третиот квартал годинава, според Државниот завод за статистика, ја искачи Македонија на третото место во Европа, веднаш зад Ирска и Данска.

„Ова претставува дополнително забрзување на економската активност, по растот од 2,9 отсто во првиот и 3,5 отсто во вториот квартал годинава. Притоа, растот од 3,8 проценти е еден од највисоките во последните неколку години. Во споредба со земјите од регионот и од Европската унија, согласно со податоците за третиот квартал за 2025 година, Македонија е на третото место по растот на БДП, при што повисок раст е забележан само во Ирска и во Данска. Ако споредуваме со земјите од регионот, за третиот квартал од 2025 година, растот во Србија изнесува 2 проценти, во Црна Гора 3,1 отсто, во Хрватска 2,3 отсто, во Бугарија 3,1 отсто, во Романија 1,2 отсто. Кумулативно, растот во првите три квартали годинава изнесува 3,4 проценти“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Главниот двигател на растот во третото тримесечје се бруто-инвестициите, кои се зголемени за 30,6 проценти, како резултат на силниот раст на инвестициите во основни средства, истакна таа.

Придонес за растот на БДП има и финалната потрошувачка со раст од 1,8 отсто.

Растот во градежништвото е 21 отсто, кај услугите 2,9 отсто, информациите и комуникациите од 7,4 отсто, стручните, научните и техничките дејности од 6,1 отсто, а во трговијата и транспортот од 2,6 отсто.

Индустријата бележи раст од 1,3 проценти, преработувачката индустрија 2,5 %отсто, а забележителен е и растот на земјоделството од 4 отсто, нагласува Димитриеска-Кочоска.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top