Бизнис

Купил дури две штипски села – Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

Фирмата, како што пишува порталот, „Алба Енерги Груп“ била основана во септември 2021 година со основачки влог од 5000 евра, а пред две години беше објавено дека тогашната влада донела урбанистички план за подрачја и градби од значење за државата со кој овој инвеститор, како што беше медиумски пренесено тогаш. ќе може да изгради фотонапонски објекти од 200 мегавати.

Алба Енерги Груп, фирма на косовскиот државјанин Флетон Садику, поднела барање до Владата  за издавање на овластување за изградба на нов енергетски објект за производтво на електрична енергија. Доколку му го одобри, Садику ќе може да ja изгради најголемата домашна фотоцентрала на местото на напуштените штипски села Јамуларци и Скандалци, објави Фактор. Фирмата, како што пишува порталот, „Алба Енерги Груп“ била основана во септември 2021 година со основачки влог од 5000 евра, а пред две години беше објавено дека тогашната влада донела урбанистички план за подрачја и градби од значење за државата со кој овој инвеститор, како што беше медиумски пренесено тогаш. ќе може да изгради фотонапонски објекти од 200 мегавати.

Барањето било разгледувано на владината седница на 25 ноември. За Алба Енерги Груп беше напишано дека веќе урбанизирале површина од над 7 милиони квадратни метри. Владата донесе урбанистички план, според кој е предвидено на таа површина да се градат фотоволтаични електрани.

Катастарските податоци покажуваа дека Алба Енерги Груп заедно со контрооверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ поседуваат по половина од двете села. Семејството Садику се сопственици на фирмата Албапетрол груп од Витина. Флетон Садику, пак, е сопственик на градежната фирма Алба билдинг, која има седиште на иста адреса во Витина како Албапетрол груп.

Владата за нивниот имот пред две години донесе Одлука за донесување на урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за површински соларни и фотоволтаични електрани (над 10 МW) во Катастарска општина Јамуларци и Катастарска општина Скандалци, со кој на земјиштето на Алба енерги груп од околу 750 хектари се предвидува изградба на фотоволтаична централа од 200 мегавати. Општина Штип под водство на актуелниот градоначаллник Иван Јорданов дала позитивно мислење за градење. На оваа површина беше предвидено да дојде стратешки енергетски инвеститор, но тој обид пропадна и влета Алба Енерги Груп како замена.

На истата владина седница од минатата недела се разгледувало и барањето за овластување од Хек Солар МК ДОО Негрево Пехчево. Летоска Владата му одобри на општина Пехчево да издаде огромна површина на државно земјиште под долготраен закуп според урбанистички план за изградба на фотонапонска централа, нарачан од ХЕК Солар, еден од стратешките инвеститори кои помина како неозаконет кон крајот на манадатот на минатата власт. Со електронско јавно наддавање, Пехчево требаше под долготраен закуп да додели земјиште од околу 880.000 метри квадратни во Негрево.

ХЕК Солар е бугарска фирма и една од четирите несудени стратешки инвеститори кои не добија поддршка од јавноста да бидат озаконети со специјален договор со Владата во текот на минатата година. Инвестицијата е најавувана со проценети 52 милиони евра за фотоцентрала од 75 мегавати. ХЕК Солар МК ДООЕЛ Скопје е компанија основана од ХЕК СОЛАР ЕООД Бугарија, а до лани беше претставувана како компанија која во 12 земји инвестирале во изградби на фотоцентрали. Беше пишувано дека основач на бугарската компанија е Владимир Табутов, кој своевремено стана нов пратеник во бугарскиот парламент од Благоевград од редовите на партија што беше дел од тогаш новата бугарска влада. Во моемнтов управител е Бојан Славев Табутов. Во македонската фирма-ќерка подеднаков удел од 45 отсто има и „АТИЛ ТРАДИНГ ЛИМИТЕД“, а 10 проценти сопственост има и Мибо Солар која се води на име на скопскиот адвокат Даниел Георгијевски.

Најнови вести од: Бизнис

Инвестиции во туризмот и отварање нови авиолинии, Николовски на средба со „Корендон“

Македонија е интересна дестинација за инвестиции во туризмот и отворање нови авиолинии е заклучокот на вицепремиерот и министер за транспорт и врски Николовски по средбата со представниците на „Корендон“ една од најголемите групации во Европа. На состанокот се разговарало за можностите за нови инвестиции, развој на авиосообраќајот и унапредување на туризмот во Македонија.

Скопје станува регионален центар за европска сертификација на финансиски професионалци

АБИТ и ЕФПА Луксембург започнуваат стратешко партнерство преку кое во регионот ќе бидат достапни меѓународни програми за финансиско образование и професионална сертификација. Ова нуди посебна вредност за студентите на Хајделберг факултет Скопје.

Во Македонија не се искористува ниту приватниот капитал од инвестиција како Иловица

Во наоѓалиштето во Иловица, утврдено е дека рудникот би експлоатирал 10 милиони тони руда годишно, а просечното годишно производство е проектирано на над 10.000 тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, проектот се предвидува да биде активен околу 23 години.

„Тинекс“ преку партнер во Косово ќе ја враќа ликвидноста на компанијата

Компанијата информираше дека менаџментот активно работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на состојбата, при што, како што беше објавено, поддршка има од банките и клучните деловни партнери.

(Фото): Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јули

Акцијата на Аутомакедонија АД Скопје бележи најголем раст во јули, покажува билтенот на Македонската берза за тој период. Акцијата на ТТК Банка АД Скопје пак има најголем пад. Во продолжение целосно и другите акции со најголем раст и пад за јулскиот период.

To top