Македонија

Имаме епидемија на малодушност и рамнодушност, рече претседателката на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“

На свеченоста во Музејот на македонската борба за самостојност, на која присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, министри, пратеници и општественици, таа подвлече дека Свети Климент Охридски, е нашиот најголем просветител и најверен ученик на Светите Кирил и Методиј. Споменот за охридскиот светител, рече таа, е врежан во колективната меморија не само на македонскиот народ, туку и на целото словенство.

Пред нас е задачата да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто ја одржуваат заедницата. Како и во Климентово време и нам ни е потребна заедничка, повисока цел, околу која ќе градиме односи и ќе премостуваме разлики. Преку владеење на правото и борба против корупцијата, преку социјална правда и заемна грижа да го обновиме општествениот договор на слободни граѓани, еднакви пред законот, сплотени околу општото добро, порача во обраќање претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, која вечерва се одржа под незјино покровителство.

На свеченоста во Музејот на македонската борба за самостојност на која присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, министри, пратеници и општественици, таа подвлече дека Свети Климент Охридски, е нашиот најголем просветител и најверен ученик на Светите Кирил и Методиј. Споменот за охридскиот светител, рече таа, е врежан во колективната меморија не само на македонскиот народ, туку и на целото словенство. Во неговото име според етимологијата се сврзани смирението и милоста, а житијата сведочат дека Св. Климент ги прегрнал овие две доблести како свое второ јас, како срж на својот идентитет, и токму овие две доблести, што не се само христијански, туку општочовечки и заеднички за многу религии, се темелот врз кои е издигнато најголемото и најтрајно Светиклиментово дело.

  • Писменоста ширена од Св. Климент им овозможила на луѓето да ги разберат книгите, a со тоа да се разберат и себеси, да научат дека не се одговорни само за сопствените животи, туку и за животот на заедницата. Откриле дека посилните се должни да ги заштитат послабите и дека личната благосостојба зависи од заедничкото добро. Луѓето од Климента научиле да се грижат за вдовиците и сираците, за болните и сиромашните, да бидат гостопримливи кон туѓинците и да имаат мир, независно од околностите. Развивајќи свест за заеднички идеи, вредности и цели, Св. Климент придонел населението да се преобрази во заедница поврзана со солидарност, водена од морален компас, а заедницата, пак, да прерасне во народ способен за создавање автентична култура и насочен кон заедничка надеж. Затоа, народот го засакал Св. Климента како свој духовен татко, голем учител и верен заштитник. Под негово водство, нашите краишта, од политичка периферија прераснале во образовен, просветен и културен центар со древниот Охрид како духовна престолнина, потенцира претседателката.

Таа потсети дека Охридската книжевна школа, едуцирала 3 500 ученици коишто станале учители на словенските народи, а од нејзините препишувачки центри произлегле раскошни ракописи коишто како временски капсули сведочат за континуитетот на македонскиот јазик. Охридска архиепископија, пак, вели, освен духовно засолниште за народот, станала и заштитничка на уметниците. Под нејзина закрила славните неимари го хуманизирале просторот, градејќи во симбиоза со природата, а не наспроти неа. Генијалните зографи, ослободени од стегите на конвенциите, станале предвесници на ренесансата. Вештите резбари во дрво ги оживеале библиските сцени.

  • Не треба да заборавиме дека овие трајни вредности коишто оставиле печат врз европската цивилизација, се всушност плод на живот исполнет со смирение пред Бога и милост кон луѓето. И токму затоа опстанале 11 века, надживувајќи империи, династии, системи и идеологии. Но, ако денеска погледнеме околу нас, колку од Светиклиментовите вредности ќе препознаеме во реалниот живот, во секојдневните меѓучовечки односи, во домот и во училиштето, на работа и на улица? Се прашував и ве прашувам, дали ќе ги искусиме во политичкиот, економскиот и медиумскиот простор? Дали македонското општество денес ги отсликува двете доблести кодирани во Климентовото име? Дали сме милостиви? Дали имаме мир? Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас? Зошто творечкиот збор го претворивме во оружје за ad hominem напади? Зошто, наместо да се сплотиме, ние се поделивме околу најважните прашања од национален интерес?, прашува Сиљановска – Давкова.

Според неа, меѓу последните сме во Европа по нивото на волонтерство и имаме епидемија на малодушност и рамнодушност, вклучително и кон лични и колективни трагедии.

  • Свесна сум дека, делумно, овие состојби се должат и на децениските неправди со кои се соочуваме како народ и како држава, особено во нашите евроинтеграции. Направдата раѓа огорченост, гнев, недоверба, песимизам и цинизам. А сето тоа ги поткопува темелите на македонското општество. Токму примерот на Св. Климент нè поучува на отпор против овие појави, вели таа.

Таа се осврна и на предизвиците што ги носи современата технологија, мобилните телефони, дигитализацијата, на вешташката иннтелигенција поради која многумина се изолираат, поларизираат и отуѓуваат.

  • Не застапувам дигитален аскетизам. Дигитализацијата ни е неопходна за да бидеме развиена европска држава со квалитетни и со транспарентни јавни услуги, со конкурентна економија и современо, европско образование насочено кон истражување и развој. Но сето тоа треба да биде поткрепено со дигитална писменост и со одговорна употреба на технологијата. Во спротивно ќе се сведеме на дезориентирани конзументи на видеократијата и спектакл-демократијата.

Без заедничка цел, нема ниту вистинска заедница, туку разединети групи поделени врз политички, етнички, верски или социјални основи.

  • Некој ќе рече дека попусто бараме смирение во ера на расеаност и тиранија на ургентното, кога се ни се случува одеднаш. Или, дека залудно бараме милост во време на војни и на бројни економски, еколошки, социјални и безбедносни кризи. Пред нас е голема задача: да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто ја одржуваат заедницата. Како и во Климентово време и нам ни е потребна заедничка, повисока цел, околу која ќе градиме односи и ќе премостуваме разлики. Преку владеење на правото и борба против корупцијата, преку социјална правда и заемна грижа да го обновиме општествениот договор на слободни граѓани, еднакви пред законот, сплотени околу општото добро…Да се натпреваруваме во добрина, служејќи ѝ на заедницата, на општеството. И со тоа, да ја направиме македонската држава пристојно место за живеење, порача Сиљановска – Давкова

На свечената академија се обратија и поглаварот на Македонската правоиславна црква – Охридска архиепископја г.г. Стефан и истакнатиот македонски писател Венко Андоновски.

Најнови вести од: Македонија

Албанската мафија ги сопна Кушнер, кој е зет на Трамп, и неговиот мега-проект

Кога жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивното мало острово бидејќи станува збор за одземена дедовина, тој не ги послушал.

Филипче е кај менторот Заев во Грција на одмор и оттаму преку пајташите во Македонија шират хистерија и страв кај граѓаните околу водата за пиење!

„Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со мотор отишол на гости кај неговиот ментор Зоран Заев на одмор, а во Скопје преку активистите шири дезинформации и создава паника меѓу граѓаните.“ – објави преку фејсбук портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Скопското основно обвинителство ќе го истражува загадувањето со отпад во близина на изворите Рашче!

Основното јавно обвинителство од Скопје соопшти дека оформило предмет по допрен глас, за да ги провери информациите за големо загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

(Видео): Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача дека ширењето дезинформации за ешерихија коли е терористички чин

Одговорно тврдам дека имаме една од петте најдобри води и извори во Европа. Јас не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен. Водата од скопски водовод, освен јас, ја пие и моето семејство и моето дете. Ако имало било каков проблем, прв ќе бев кој ќе излезе во јавноста тоа да го каже, вели градоначалникот Ѓорѓиевски на вонредната прес-конференција и се напи вода од чешма.

Трети ден не се пие водата од водоводот во Свети Николе, утврдени се и микробиолошки отстапувања

Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев соопшти дека се пронајдени микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цистерни со вода за готвење и пиење.

Вреди: ДУИ, која украде стотици милиони евра, сега глуми истражител!

ДУИ денес повторно се обиде да конструира афера таму каде што има јавно пријавени, законски и целосно проверливи инвестиции. Од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил во ДКСК, партијата која две децении создаваше семејни бизнис-империи состави соопштение со многу прашања, но без ниту еден доказ, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Велес во знакот на деветтата уметност: 8. Меѓународна стрип колонија со моќна балканска женска уметничка соработка

Организацискиот тим ги поканува сите љубители на уметноста, граѓани и медиуми да ги следат активностите на колонијата и да го поддржат творештвото на овие извонредни автори кои го позиционираат Велес на светската стрип мапа

To top