Регион

„Го сакаме левот“, „Не за еврото“ : Протести во Бугарија

  Под силно полициско присуство вчера во Софија се одржа уште еден протест против воведувањето на еврото, организиран од партијата „Вазраждане“ и Граѓанскиот комитет за зачувување на бугарскиот лев, јавија бугарски медиуми. Незадоволните скандираа: „Го сакаме левот“, „Не за еврото!“ и „Оставка!“. Според демонстрантите, усвојувањето на еврото ќе доведе до зголемување на цените и губење […]

 

Под силно полициско присуство вчера во Софија се одржа уште еден протест против воведувањето на еврото, организиран од партијата „Вазраждане“ и Граѓанскиот комитет за зачувување на бугарскиот лев, јавија бугарски медиуми.

Незадоволните скандираа: „Го сакаме левот“, „Не за еврото!“ и „Оставка!“.

Според демонстрантите, усвојувањето на еврото ќе доведе до зголемување на цените и губење на финансиската независност.

„Не можам а да не бидам загрижен од она што ми се сугерира – дека нема проблеми и сè ќе биде под контрола“, коментираше еден од демонстрантите за медиумите.

Лидерот на „Вазраждане“ Костадин Костадинов нагласи дека протестот има и меѓународна поддршка. Меѓу присутните беа пратеници и европратеници од Германија, Литванија, Романија, Чешка, Словачка и Унгарија, вклучувајќи го и Борислав Гаманов – првиот Бугарин во германскиот Бундестаг од партијата „Алтернатива за Германија“.

Според Костадинов, воведувањето на еврото без референдум претставува „нелегален чин“ и „насилство врз бугарскиот народ“. Тој нагласи дека партијата поднела гласање за недоверба на владата, обвинувајќи ја за неуспех во фискалната политика и за обиди за „анексија“ преку воведувањето на единствената европска валута.

Се очекува гласањето да се дискутира во Националното собрание следната недела.

Според Костадинов, протестите ќе продолжат, а отпорот кон усвојувањето на еврото расте не само кај нас, туку и низ цела Европа.
Протести се одржаа уште во неколку бугарски градови.

Бугарија од 1 јануари влегува во еврозоната.

Радев за еврото: Потсмев со народот е дека цените нема да се зголемат

Најнови вести од: Регион

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

„Не сме ничија марионета“ – Вучиќ за влошените односи со Москва и извозот на муниција во Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ отворено изрази скептицизам за брзо полноправно членство на Србија во Европската Унија и се залага за модел на „Европа со повеќе брзини“.

To top