Македонија

Петрушевски: Владата нема да прифати ниеден илегален мигрант, ниту постои план за изградба на шатори, кампови или центри

„Идеолошка профилација на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е дека апсолутно сме за борба против илегалната миграција, а не за либерализација на мигрантите, нешто што било својствено за одредени политички партии. Ние апсолутно немаме никаква намера да прифатиме никакви илегални мигранти. Апсолутно е лага дека ќе се градат било какви шатори, кампови, центри. Ова прашање е регулирано и во Договорот за стратегиско партнерство со Велика Британија.“ – нагласи пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски посочи дека Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, нема намера да прифати ниту еден илегален мигрант и оти не постои план за изградба на шатори, кампови или хабови. Тој се осврна и на новиот владин проект „Безбедна земја“, чија цел е да ја зајакне контролата врз граничната линија преку техничка опрема, камери и други системи за надѕор. Според него, ова ќе помогне за спречување на илегалната миграција и за ограничување на шверцот и нелегалната трговија.

„Ќе го зајакнеме граничното управување. Денеска премиерот најави нов проект налик на ‘Безбеден град’ (‘Safe City’,  само што ќе биде ‘Безбедна земја’ – ‘Safe Country’. Целата гранична линија ќе биде обезбедена со камери и технички помагала. Покрај спречување на илегалната миграција, ќе се спречува и шверц и нелегална трговија. За овие чекори добиваме пофалби од членки на ЕУ.“ – напомна Петрушевски.

Тој повтори дека Владата прави јасна разлика меѓу мерките за спречување нелегални преминувања и прифаќање мигранти. „Да не ја замајуваме јавноста: едно е борба против илегална миграција, за што сме за соработка со нашите партнери, а друго е прифаќање илегални мигранти. Оваа Влада нема намера ниту да разговара, ниту да прифати. И тоа денеска многу јасно го објасни премиерот.“ – додаде пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски. 

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top