Македонија

Адвокатка и четворица полицајци од Штип и Кочани осомничени за прикривање докази

Министерство за внатрешни работи

Адвокатка од Штип и четворица полициски службеници од Штип и Кочани се под истрага поради сомнение дека намерно ја попречувале кривичната постапка и го отежнале прибирањето докази.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека Одделот за внатрешна контрола поднел кривична пријава до надлежното јавно обвинителство против адвоката Е.П. од Штип, како и против полициските службеници Д.Д., И.А., Г.Т. и Х.С.

Според наводите во пријавата, осомничените во текот на септември 2025 година преземале конкретни дејствија со кои било попречено и отежнато собирањето докази во рамки на кривична постапка, што претставува сериозно кршење на законот и злоупотреба на службената положба.

Од МВР информираат дека, покрај кривичната постапка, против четворицата полициски службеници ќе биде поведена и дисциплинска постапка.

Надлежното јавно обвинителство ќе одлучува за натамошниот тек на постапката и евентуалните мерки против осомничените.

Најнови вести од: Македонија

„За мене постои само Република Македонија без придавки“, рече Kалиопи и го најави големиот концерт

Калиопи на прес-конференција го најави големиот концерт што ќе го одржи на 17 октомври во скопската арена, но дел од нејзиното обраќање беше посветен и на името на државата, како и на новото име на големата сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Големата сала од крајот на јули функционира под името „Т Арена“, по партнерството […]

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top