Македонија

(Фото): Стартува авиолинијата Скопје – Прага, се враќа и линијата за Келн

Бенефити за граѓаните, бизнис секторот и туристичката индустрија се очекувањата од новата директна авиолинија Скопје-Прага на која од денеска сообраќа нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Ќе има летови секој понеделник, среда и петок. Во мрежата на дестинации на скопскиот аеродром од вечер дел ќе биде и рутата за Келн, со четири лета неделно на „Виз ер“, секој понеделник, среда, петок и недела.

Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, Македонија прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните. Според менаџментот на „ТАВ Македонија“, заедничката работа е резултат на јасна визија и конкретна иницијатива.

Неџат Курт, генерален директор на Виз ер, нагласи дека отворањето на рутата создава нови можности за патниците и поврзување на двата града, како и економска соработка, туризам, културни разменувања и развој на деловни врски.

  • Среќен сум што директната линија ќе ја направи Прага подостапна за македонските граѓани и компании и ќе им овозможи на чешките туристи и инвеститори полесно да ја откријат Македонија, рече Курт.

Андраш Радо, директор за комуникации во Виз ер, соопшти дека цената на билетот за летот Скопје – Прага во еден правец за јануари е 21 евро.

  • Посветени сме да имаме ниски цени и не се предвидуваат корекции, додаде Радо.

Според Курт, следната година се очекува раст од 20 проценти на авиосообраќајот од македонските аеродроми, со над 3,5 милиони патници.

  • Авиолинијата Скопје – Прага ќе придонесе за зголемен туристички и деловен сообраќај и посилно вклучување на Македонија во европските економски текови. Авионските билети нема да поскапат, велат од Визер.

Министерката Божиновска ја поздрави соработката меѓу TAV Македонија и Wizz Air, оценувајќи дека таа е пример за ефикасно партнерство кое носи конкретни резултати за граѓаните и економијата.

  • Оваа авиолинија е порака дека Македонија ги отвора вратите кон Европа и ја зацврстува поврзаноста со еден од нaјдинамичните региони, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на прес-конференција на скопскиот аеродром.

Од ноември почна редовна авионска линија Стокхолм – Скопје, како и редовна авионска линија Мадрид – Скопје, а од декември се лета од Бари – Скопје, Келн – Скопје, како и редовна авионска линија Прага – Скопје.

Со денешното лансирање на рутата за Прага, започнува и практичната реализација на договореното проширување, со кое Скопје се поврзува со уште неколку европски метрополи.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top