Хроника

Фудбалер од македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден убиен во пукањето во Сиднеј

Елкајам бил популарен и талентиран фудбалер, дел од тимот што настапува во највисоката локална конкуренција, а во клубот играл околу една година. Клубот соопшти дека е „во шок и тага“ поради загубата.

Членови на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден вечерва ќе се соберат за да му оддадат почит на Дан Елкајам, кој загина во вчерашниот вооружен напад на Бонди плажата во Сиднеј.

Елкајам бил популарен и талентиран фудбалер, дел од тимот што настапува во највисоката локална конкуренција, а во клубот играл околу една година. Клубот соопшти дека е „во шок и тага“ поради загубата.

Во нападот, кој полицијата го третира како терористички, двајца вооружени лица отвориле оган врз собир поврзан со еврејски празник. Потврдено е дека има најмалку 16 жртви меѓу цивилите, а 42 лица се повредени и се лекуваат во болници низ Сиднеј.

Заменик-претседателот на клубот, Лу Тасевски, изјавил дека „целиот тим е скршен“ и дека ќе се соберат „да се утешат меѓусебно“ по трагедијата. Генералниот менаџер и секретар на клубот, Луи Белевски, го опишал Елкајам како „прекрасен човек“ и „инспирација за играчите“.

Најнови вести од: Хроника

Албански медиуми: мафијашка уцена на сопственик на локал во Добарце, Тетовско, „да исплати 250 илјади евра, или ќе се соочи со последици“?!

Д.Ф. (51), жител од тетовското село Добарце, пријавил во полиција дека добил сериозни закани и барање за исплата на 250 илјади евра. Во спротивно, ако не го стори тоа, како што било наведено, „ќе се соочи со последици“. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Без цензура“.

Апсења во Скопје и струмичко, поради дрога

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога. По целосно документирање на случаите против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.

To top