Македонија

Темата мигранти е измислена од СДС за дневна политика, затоа и побегнаа од Собрание кога требаше да се дискутира за Резолуцијата

Оваа резолуција го покажа вистинското и лицемерно лице на СДС и трајно ќе ја затвори, од нив измислената тема за наводни мигранти во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

„Вистина излегува на виделина и СДС веќе не може да го скрие лицемерието, нивните лаги и манипулации.

Наводната загриженост за мигрантите се виде дека им е тема за дневна политика, за ширење страв и паника кај населението.

Тоа се потврди и вчера во македонското Собрание, кога пратениците од СДС ја напуштија седницата кога требаше да се дискутира за Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, поднесена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Откако од СДС неколку недели устата не затворија за наводните мигранти, ширејќи паника дека само што не дошле во државата, за што сакаа да поднесат и резолуција во Парламентот, кога дојде ред народните избраници да дебатираат за непостоечката и од нив креирана лажна тема мигранти, пратениците на Филипче, како нечестивиот од темјан, заминаа од Собранието.

Тоа покажува само едно. Дека СДС едно зборува, а друго прави и кога доаѓа ред суштински да се дискутира и да се преземе одговорност, СДС го прави тоа што најдобро го знае. Бега далеку од очите на јавноста и вештачки одржува лажни и непостоечки теми, за да ги спаси политичките кариери на неколкумината останати во партија, како Филипче и Зоран Заев во позадина.

Настрана бегањето на СДС, Резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои токму СДС се обидува да ги наметне во јавноста, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови.

Со овој документ јасно се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики поврзани за кампови за мигранти донесени од поранешната влада на СДС предводена од Заев, на која дел беше и Венко Филипче.

Оваа резолуција го покажа вистинското и лицемерно лице на СДС и трајно ќе ја затвори, од нив измислената тема за наводни мигранти во Македонија.“

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top