Македонија

Која земја има најголем успех во борбата против пушењето?

И покрај амбициозната цел за „Европа без чад“ до 2040 година, Европската Унија продолжува да бележи бавен пад на стапката на пушење

И покрај амбициозната цел за „Европа без чад“ до 2040 година, Европската Унија продолжува да бележи бавен пад на стапката на пушење. Од друга страна, примерите на земји како Шведска, Чешка и Грција покажуваат дека комбинацијата од класични мерки за контрола на тутунот и паметна политика за воведување иновативни производи што содржат никотин, може да го забрза тој пад и да спаси стотици илјади животи, укажува Константинос Фарсалинос, доктор по медицина, магистер по јавно здравје и надворешен научен соработник на грчкиот универзитет во Патра и Универзитетот во Западна Атика. Тој е еден од најпознатите светски експерти за алтернативи на тутун без чад, познат по својата обемна научна работа во областа на јавното здравје и истражување на ефектите од никотинските производи врз организмот, а неговите истражувања често се во центарот на глобалните дебати за штетите и потенцијалните придобивки од намалувањето на ризикот од пушење.

Европа поделена околу производите без чад

Д-р Фарсалинос укажува на длабока поделба во ЕУ околу производите без чад: рестриктивните земји го применуваат строгиот принцип на претпазливост и се плашат од ефектот на „влезна врата“, додека Шведска и Велика Британија го фаворизираат концептот на намалување на штетата, што доведува до остар пад на стапката на пушење. Најновите податоци покажуваат дека околу 24 отсто од возрасните во ЕУ сè уште пушат, а преваленцата се намалила за само еден процентен поен за неколку години. Ова значи дека целта од пет отсто пушачи нема да се постигне и во следните неколку децении по 2040 година ако ништо не се промени. Експертите предупредуваат дека таквата бавност значи стотици илјади смртни случаи што можеле да се спречат и огромен притисок врз здравствените системи поради болести поврзани со пушењето. Во оваа ситуација, „двете Европи“ се јасно дефинирани: некои земји остануваат со традиционални мерки (забрани, високи даноци, предупредувања), додека други воведуваат политики за намалување на штетите, кои вклучуваат иновативни никотински производи со помал ризик од цигарите.

Успехот на Шведска, Чешка и Грција

Шведска, објаснува д-р Фарсалинос, е најблиску до статусот на нација „без чад“ во Европа, со околу пет отсто пушачи и една третина помалку смртни случаи од рак на белите дробови од просекот во ЕУ. Резултатите се поврзани со регулаторната рамка што ги фаворизира производите со помал ризик, како снус и никотински ќесички, пред цигарите. Чешка, пак, постигна најбрз пад на пушењето во ЕУ, намалувајќи ја преваленцата за околу седум процентни поени за три години, преку координиран пристап на неколку министерства со кој алтернативните производи со никотин беа интегрирани во јавните политики.

– Искуството на Грција, земјата која историски имаше највисока преваленца на пушење во ЕУ, нуди клучна лекција за прагматизмот во јавното здравство. Остриот пад на пушењето што го гледаме денес таму, како и во Чешка, потврдува дека ако сакате брзо да го намалите пушењето, мора да обезбедите вистинска, државно регулирана „излезна рампа“ – објаснува д-р Фарсалинос.

Грција, пак, го смени трендот со трансформација која беше водена од конкретни промени во политиката и практични лекции што другите земји можат да ги копираат. Првата промена беше институционализирање на намалувањето на штетата преку законодавство, а најважниот практичен чекор беше одвојувањето на регулативата за цигари од алтернативите без чад. Наместо да работи во сива зона, Грција воспостави избалансирана правна рамка што овозможува научна евалуација на тврдењата за намален ризик и намалена изложеност.

Вториот чекор вклучуваше свесност дека културата ги надминува забраните. Имено, со децении Грција се потпираше исклучиво на традиционалните „принудни“ алатки за контрола на тутунот: високи даноци и строги забрани. Но, грчкото население се покажа отпорно на пораката „откажи се или умри“. Меѓутоа, кога алтернативните производи беа интегрирани на пазарот во јасна рамка, тие им понудија можност на пушачите да го задржат ритуалот на консумирање никотин без штетното согорување.

Третата промена беше фаворизирање на прагматизмот пред идеализмот. Успехот во Грција покажува дека со вклучувањето на алтернативните производи во јавните политики се намалува продажбата на цигари. Спротивно на тоа, земјите што ги третираат вејпингот, уредите за загревање на тутун и цигарите како еднакви зла, честопати се соочуваат со стагнација на стапките на пушење. Лекцијата за другите земји е дека кога намалувањето на штетите е правилно регулирано и вклучено во сеопфатна политика за контрола на пушењето, тоа претставува победа за јавното здравје.

Алтернативните производи не ја поткопуваат контролата на тутунот

Како истражувач кој е длабоко вклучен во намалувањето на штетата од тутун, д-р Фарсалинос вели дека се погрешни тврдењата оти алтернативните производи си никотин можат да го поткопаат напредокот во контролата на тутунот.

– Отфрлајќи го намалувањето на штетата, критичарите во суштина им оставаат на милиони пушачи само две опции: да се откажат без никаква помош (што има стапка на неуспех од околу 95 отсто) или да продолжат да пушат. Понатаму, заштитата на младите и помагањето на возрасните не се исклучуваат меѓусебно. Најчестите критики се однесуваат на стравот од употреба кај младите, што треба да се сфати многу сериозно. Сепак, не мора да избираме помеѓу заштитата на нашите деца и спасувањето на нивните родители. Можеме да спроведеме строги проверки на возраста и ограничувања за рекламирање за да ги заштитиме младите, а воедно да обезбедиме производите да останат достапни и прифатливи за возрасните пушачи – објаснува д-р Фарсалинос.

Тој додава дека тврдењето дека овие производи „го поткопуваат напредокот“ е хипотеза што е тестирана и не успеала.

Доколку критичарите биле во право, земјите со високи стапки на употреба на вејпинг или загреан тутун ќе доживеат зголемување на стапките на пушење, а спротивното се случува. Во Обединетото Кралство, Шведска, Јапонија и Нов Зеланд, зголемувањето на употребата на алтернативи се совпадна со историскиот пад на продажбата на цигари.

– Накратко, алтернативните производи не ја поткопуваат контролата на тутунот; тие ја надополнуваат со обезбедување на алатката што недостасува за најтешко достапните пушачи, оние кои не можат или не сакаат да се откажат од пушењето на други начини, истакнува д-р Фарсалинос.

Најнови вести од: Македонија

Од 1 јануари студентите и пензионерите ќе може да работат како сезонски разботници

Законот за работно ангажирање лица опфаќа дополнителна заработувачка на студентите, социјално загрозените, пензионерите и невработените лица. Ќе бидат опфатени вкупно околу 17.000 лица.

Клековски: Здравствените услуги од 40 денари, се зголемуваат на 60 денари од 1 јануари

Здравствена услуга за која сега граѓанинот плаќа 40 денари, од 1 јануари ќе чини 60 денари, најави денеска Сашо Клековски, директорот на ФЗО. Тој кажа дека после десетгодишно одложување, одлучиле да ги зголемат референтните цени за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет во здравствените установи во јавниот и во приватниот сектор. Специјалистички преглед спрема ценовникот на Фондот досега беше 380, сега е зголемен на 720 денари.

Мицкоски до Филипче: Ја манипулиравте јавноста со поскапување на струјата, а вие направивте катаклизма во енергетскиот сектор

Зошто ја манипулиравте јавоста со поскапувања од над пет проценти, па над десет проценти, па не излезе толку, излезе 2 запирка нешто проценти

Ѓорѓиевски: Наследивме катастрофа, сега градиме иднина

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на седницата на Советот на Град Скопје, при разгледувањето на Буџетот за 2026 година, се обрати со детална анализа на наследената финансиска и институционална состојба и постигнатите резултати во краток период.

To top