Свет

Трамп забрани американски туристи да патуваат во Куба

Кубанскиот мининистер за надворешни вели дека тоа е „кривично дело и кршење на човековите права на целата нација“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потпиша меморандум со кој се воведува строга американска политика кон комунистичка Куба и се поништуваат мерките наметнати од поранешниот американски претседател Џо Бајден.

Со него ќе се воведе законска забрана за американски туризам во Куба, а воедно ќе се одржи економското ембарго врз земјата, соопшти Белата куќа.

Иако Американците не можат да ја посетуваат Куба за одмор, патувањето е дозволено за активности, вклучително и образовни или хуманитарни патувања.

Во еден од своите први потези по преземањето на функцијата во јануари, Трамп, делумно го ограничи влезот на луѓе од Куба.

Новиот меморандум „ја спроведува забраната за американски туризам во Куба и обезбедува усогласеност преку редовни ревизии и задолжително водење евиденција за сите трансакции поврзани со патувања најмалку пет години“, според соопштението за медиумите на Белата куќа.

Исто така, го поддржува економското ембарго врз Куба и се спротивставува на повиците во Обединетите нации и другите меѓународни форуми за негово прекинување.

Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез, објави на социјалната мрежа X дека „претседателскиот меморандум против Куба објавен од американската влада ја зајакнува агресијата и економската блокада што го казнува целиот кубански народ и е главна пречка за нашиот развој“. „Тоа е кривично дело и кршење на човековите права на целата нација“, рече тој.

Најнови вести од: Свет

Њујорк под вода: Две лица загинаа, стотици летови откажани

Њујорк е погоден од интензивни врнежи кои резултираа со два смртни случаи, поплави на улиците и откажување на стотици летови. Градоначалникот Ерик Адамс изјави дека бурата надмина повеќедецениски рекорди за врнежи и нагласи дека екстремните временски услови стануваат нова нормала за градот. Националната метеоролошка служба објави дека во некои делови дождот паднал за десет минути […]

Трамп и Си се согласија да ги намалат трговските царини

Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Кина Си Џинпинг се договориле да се намалат царините за Кина во замена за тоа Пекинг да се справи со нелегалната трговија со фентанил, да продолжи со купувањето на соја од САД и да го одржи извозот на ретки метали.

To top