Колумни

„Епохални сознанија“ на „историчарот“ Ахмети: Албанецот Ѓерѓ Дибрани ја основа Охридската архиепископија?! Овде сме илирски староседелци!

„Ако сакате да владеете со Албанците, отстранете ја нивната илирска историја и илирска гордост. Тие треба да знаат дека ние сме придонесувачи кон културата на Балканот, кон културата на Европа и кон културата на светот. Од древниот Константин е наш, тој е дел од нашето албанско потекло, нашата албанска ДНК, наш е и Јустинијан Први, […]

„Ако сакате да владеете со Албанците, отстранете ја нивната илирска историја и илирска гордост. Тие треба да знаат дека ние сме придонесувачи кон културата на Балканот, кон културата на Европа и кон културата на светот. Од древниот Константин е наш, тој е дел од нашето албанско потекло, нашата албанска ДНК, наш е и Јустинијан Први, наш, Албанец е и Ѓерѓ Дибрани, основачот на Охридската архиепископија. Не може да се негира дека ние, Албанците, сме придонеле за европската култура, бидејќи тогаш бевме космополити и сме придонеле за целото човештво. Нека разберат дека Албанците се автохтони староседелци тука, тие не се странци во туѓ дом.“ – овие несфатливи бесмислици и целосни фалсификати на историографските и археолошките факти за Македонија и Балканот ги имаше искажано лидерот на ДУИ Али Ахмети во својата реч на средбата со партиските членови и симпатизери во Струга, која ја објави во интегрална верзија весникот на албански јазик „Коха“. Но, поправо длабока политичка заднина и пресметаност имаат овие тврдења на Ахмети дека „Албанците имаат антички корени на овие простори“ и оти сета историја и сите клучни личности од средновековието во Македонија и Балканот се Албанци. Нималку случајно е тоа што во реториката на лидерот на ДУИ се што е македонско на оваа територија и не е македонско, туку е албанско. Јасно е согледливо дека, според Али Ахмети, во минатото не постоеле Македонци. Во говор пред поддржувачите од Струга тој кажа дека, практично, се што било во Балканот од средниот век – било дел од албанската историја.

Во Струга Ахмети ги изнесе и следниве тврдења: „Албанскиот јазик е најстариот јазик на целиот свет. Тоа не е јазик, што го зборуваат луѓе, кои се овде прибрани од некоја друга земја. Но, заедно со сонцето остаре и албанскиот јазик. Албанците имаат тука свои гробишта стари илјадници години. Имаат своја култура, своја традиција. Албанците изградија неоспорен идентитет, кој е прифатен од целиот свет. Затоа, ова не е лекција, за да се доведат во судир двете заедници, кои имаат најголема политичка и историска одговорност за оваа земја.“

„Оваа држава може да преживее само во целосна хармонија на двете заедници, македонската и албанската. Без хармонија меѓу нив оваа држава не може да има иднина и постоење. Ова не закана, туку совет, за оние кои не знаат како да градат одржливи и напредни политики, што одат напред.“ – дополни лидерот на ДУИ со забележлива интонација на закана.

МАНУ уште во 1999 година ги поби со научни факти лагите дека „голем дел на Македонија е илиро-албански“!

Уште на 13 мај 1999 година Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите во своето „Обраќање по повод ‘Платформата за решавање на албанското национaлно прашање’ на Академијата на науките на Албанија“ ќе истакне дека македонските Словени се основен етнички чинител во Македонија, а постоење Илири по текот на Вардар до денес не е утврдено ни од археолошката ни од другите сродни научни дисциплини.

„Погледите, изнесени во Платформата на Академијата на науки на Албанија, се јасно искажана посесивност над македонскиот простор. Прогласувањето на повеќе од половината на македонската територија за милениумски етнички албански простор не може да го разбере ниту еден истражувач на минатото на Балканот, што ја проучува етногенезата на кој и да било народ. Каква е историската вистина? Основната старобалканска популација на Македонија сигурно ја претставуваат Пајонците во нивниот допир со Античките Македонци, со јасно искажана државност и културни особености, кои покажуваат дека тие не се ниту Илири, ниту Тракијци.“ – аргументираше МАНУ.

Македонската академија на науките и уметностите во тоа свое „Обраќање…“ беше категорична дека во етнокултурната и демографската историја на овој дел од Балканот Албанците како посебен етнос се регистрирани во историјата многу подоцна под албанско име.

„Во науката постои спор и нагласена поделеност за илирската основа на Албанците и за нивниот континуитет со илирскиот етникум. Словенски топоними во Балканот се документирани кај грчки и римски автори (Прокопиј, Јордан и др.) во шестиот век, а првиот познат податок за Албанци во византиски и јужнословенски извори е дури од 11 век, околу 600–700 години по последното спомнување илирски племиња. Првата писменост на албански јазик се појавува одвај во 15 век.“ – има нагласено МАНУ тогаш.

Најнови вести од: Колумни

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

Македонското научно-литературно другарство од 1902 – моќниот гласник на македонската вистина во Европа и светот (1)

„Словеномакедонското национално-просветно друштво ‘Св. Кирил и Методија’ има цел да го помага духовното преродување и обединување на Македонските Словени и нивното слободно национално-битово самоопределување.“ – се наведува во член 1 на во Уставот на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД), основано на денешен ден, на 28 октомври 1902 година во тогашен Санкт Петербург, во Русија. Активностите на Македонското научно-литературно другарство на Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и другите македонски национални дејци, собрани во него, имаат огромно, немерливо значење за македонскиот народ и Македонија, бидејќи уште пред повеќе од еден век многу јасно и многу силно ги претставуваа и ги заштитуваа македонските национални и државни интереси пред агресивните балкански држави и нивните поддржувачи – големите европски сили. МНЛД им укажа на Европа и светот уште пред 122 години дека постои еден народ во Балканот со своја македонска самосвест, кој се бори за правото сам да ја кове својата судбина, без никој да господари со него. Вонвременските пораки на на ова македонско интелектуално Другарство одекнуваат со сета сила и актуелност и денес, во овие сложени геополитички и меѓународни моменти, во кои се втурнати македонскиот народ и Македонија.

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Бистришки, 1934 – Тоевски, 2026: Зошто сме ние, Македонците, одделен народ? (4)

Одговорот на тоа прашање е од огромно геополитичко значење за Македонија и македонскиот народ и денес, на почетокот на 21 век. Авторот на овој текст чини напор сега, во 2026 година, да даде свој аргументиран одговор на истото прашање, кое си го постави пред себе Васил Ивановски – Бистришки во 1934 година. Македонците се навистина посебен народ во Балканот и Европа: својата „Македонска приказна“ тие си ја пишуваа самите низ бурните епохи на својата национална историја. Во таа историја се вградени сите државотворни стремежи на македонскиот народ, на кого никој никогаш ништо не му подарил, ниту држава, ниту фалсификувана историја како на „добрите соседи“. Напротив; толку многу му одзеле, но тој стои простум и натаму наспроти бурите на (не)времињата. Македонците со својот јазик и писменост, со својата духовност и култура, со својот идентитет и историја се длабоко во темелите на европската цивилизација.

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика,  ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ добива веднаш меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески и американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик. Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top