Македонија Бизнис

Народна банка: Годишен пад на просечната камата на вкупните кредити

Просечната каматна стапки на депозитите во мај се зголемила на годишно ниво за 0,35 процентни поени  и таа изнесувала 2,21%.  Просечната каматна стапка на вкупните кредити, пак забележала годишен пад од 0,43 процентни поени и изнесувала 5,06%, покажува последниот извештај од Народна Банка од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., и таа изнесувала 2,32%. Каматната стапка на […]

Просечната каматна стапки на депозитите во мај се зголемила на годишно ниво за 0,35 процентни поени  и таа изнесувала 2,21%.  Просечната каматна стапка на вкупните кредити, пак забележала годишен пад од 0,43 процентни поени и изнесувала 5,06%, покажува последниот извештај од Народна Банка од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., и таа изнесувала 2,32%.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во мај, оствари месечно зголемување од 1,25 п.п. и изнесува 4,67%. Месечната промена се должи на растот на каматните стапки на сите компоненти и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 1,35 п.п. и 0,46 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,17 п.п.). Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,49 п.п.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во мај, забележа месечен раст од 0,12 п.п. и изнесува 4,79%. Притоа, растот во целост се должи на зголемените каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,09 п.п.), при пад на каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,04 п.п., соодветно). Годишниот пад на просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 0,47 п.п.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Самсунг ќе воспостави производна линија за HVAC системи во Јужна Кореја

Инвестирајќи приближно 240 милијарди корејски вони (158 милиони американски долари), компанијата ќе отвори нова производна линија за HVAC системи во Гвангжу, Јужна Кореја, до 2028 година
Производната линија ќе се фокусира на HVAC системите на “FläktGroup“, вклучително и решенија за ладење на дата-центри за вештачка интелигенција

To top