Свет

Французите се’ помалку му веруваат на Макрон

Според последното истражување довербата на францускиот народ во претседателот  е на рекордно ниско ниво

mia.mk

 

Само 25 проценти од испитаниците во истражувањето, спроведено од истражувачка фирма Toluna-Harris Interactive и LCI news, изјавиле дека веруваат дека 48-годишниот лидер ќе спроведе добри политики за земјата, објави ДПА

Според податоците објавени во петокот, ова е најниското ниво откако Макрон ја презеде функцијата во 2017 година. Претседателот веќе еднаш го достигна ова ниво во октомври.

Вкупно 1.099 луѓе учествуваа во онлајн анкетата на 22 и 23 декември.

Таканаречениот барометар за политичка доверба се испитува секој месец. Во споредба со ноември, популарноста на Макрон падна за четири процентни поени.

Неговиот рејтинг со месеци се движи под 30 проценти поради растечкиот притисок, главно произлезен од националните предизвици.

И покрај долготрајниот спор, силно задолжената земја сè уште нема соодветен буџет за следната година. Оваа недела, парламентот одобри привремено решение.

Француската влада падна во септември поради протестите против мерките за штедење предложени од тогашниот премиер Франсоа Бајру.

Под неговиот наследник, Себастјен Лекорну, за малку беше избегнат понатамошен колапс.

Најнови вести од: Свет

Лавров со порака до Европа: Русија нема да нападне никого, но ако биде нападната одговорот ќе биде разорен

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака до европските политичари, нагласувајќи дека одговорот на Русија на евентуален напад врз неа би бил разорен.

Русија го нападна Киев во пресрет на средбата Трамп-Зеленски

Во нападот кој започна ноќеска и кој трае десетина часови, Русија испали неколку хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ кон украинскиот главен град

Кина го пушти во употреба најдолгиот автопатски тунел во светот(ВИДЕО)

Со отворањето на автопатот, времето на патување од регионалниот главен град Урумќи, северно од планините Тјаншан, до Корла, јужно од планините Тјаншан, е намалено од седум часа на околу 3,5 часа.

To top