Бизнис

АЛТА Банка предвреме ги исплати пензиите

Во пресрет на новогодишните и Божиќните празници АЛТА Банка обезбеди дополнителна погодност за своите клиенти пензионери

Во пресрет на новогодишните и Божиќните празници АЛТА Банка обезбеди дополнителна погодност за своите клиенти пензионери. Банката денес ја реализираше исплатата на пензиите за декември, овозможувајќи навремено и непречено располагање со средствата во период кога финансиската сигурност е од особено значење.

Со оваа активност, АЛТА Банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон континуирано унапредување на квалитетот на услугата, грижата за клиентите и обезбедувањето стабилно, сигурно и навремено банкарско работење. Банката ќе продолжи да ги следи потребите на своите клиенти и да креира решенија кои придонесуваат за нивна поголема финансиска сигурност.

Најнови вести од: Бизнис

МЕПСО активирал банкарски гаранции од 3,2 милиони евра против компании од Босна и Хрватска

Од МЕПСО образложија дека активирањето на гаранцијата е затоа што од Далековод не ги завршиле работите со далноводот Скопје- Велес во утврдениот рок, а не побарале ниту негово продолжување. Тоа можело да се направи ако станува збор за рок кој би бил во разумен период. Тврдат дека причина за немање на целосна реализација на проектот се имотно правни проблеми. 

Најнови вести

To top