Македонија

Мицкоски: Нема да има пензија под 15 илјади! Пред линеарното зголемување 150 илјади пензионери примаа само 10-12 илјади!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски најави зголемување на пензиите напролет годинава. Запрашан дали Уставниот суд би можел да го спречи линеарното зголемување на пензиите, тој одговори дека не би ги коментирал неговите одлуки.

Со линеарното зголемување на пензиите, не само што се намалува јазот, односно се зголемува правилната распределба на приходите, туку се намалува и стапката на сиромаштија, бидејќи пензионерите се најсиромашната група граѓани, вели премиерот Мицкоски, нагласувајќи дека со интервенцијата започната од ноември 2024 година, заклучно со април 2026 година ќе има линеарно зголемување на пензиите за 7.000 денари и нема да има пензија под 15.000 денари.

Цениме, рече Мицоски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на нова детска градинка во Кочани, дека со ова уште повеќе ќе влијаеме позитивно во намалување на стапката на сиромаштија.

Не треба, нагласи тој, да заборавиме уште еден параметар, а тоа дека 150.000 пензионери пред да почне ова линеарно зголемување имаа пензии кои беа околу 10 до 12.000 денари. – Од вкупно 330.000 пензионери, 150.000 беа во таа група. Што значи дека сега тие веќе со овие 7.000 денари линеарно зголемување немаат пензија под 15.000 денари, туку сите се движат од 17 до 19.000 денари. И како влада ќе продолжиме во таа насока – истакна Мицкоски.

Прашан дали Уставниот суд би можел да го спречи линеарното зголемување на пензиите, Мицкоски, рече дека не би ги коментирал одлуките на Уставниот суд, затоа што, како што наведе „воведовме таква пракса и тоа е правилното – да не се коментираат одлуките на Уставниот суд“.

– Јас само можам да ги коментирам податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, односно социјалните показатели и параметри. Таму се анализирани два суштински, кои се битни за граѓаните. Едниот е стапката на сиромаштија, другиот е токму оној Џини-коефициент, односно правилната или неправилната распределба на доходите за која зборувавте. Точно е дека како држава сме лидери во регионот и сме над европскиот просек. А што се однесува до стапката на сиромаштија, во 2024 година таа е помала – 21,9%, споредено со 22,2% во 2023 година, а ако се спореди со 2021 година, тогаш беше 23% – појасни Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

Во Брвеница гласаат болните и немоќните и затворениците – Право на глас имаат 116 луѓе

Своето право на глас, како што велат од ДИК, може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор, а гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Од договор на дело до постојано вработување – Што предвидува новиот предлог-закон?!

Законот се предлага по скратена постапка со образложение дека не е сложен и обемен. Предвидено е да влезе во сила на денот на објавувањето во „Службен весник“, кога би престанал да важи досегашниот Закон за трансформација во редовен работен однос.

To top