Регион

Целосен прекин на авиосообраќајот во Грција

Ситуацијата останува динамична, а надлежните очекуваат брзо нормализирање на сообраќајот штом проблемот ќе биде отстранет.

Воздушниот простор на Грција е целосно затворен од претпладнево поради технички проблеми со радиофреквенциите, што спречува нормално полетување и слетување на авионите на сите грчки аеродроми.

Според информациите од Министерството за транспорт на Грција, проблемот се однесува на одредени фреквенции кои ја поддржуваат работата на ФИР Атина, односно воздушниот простор на целата земја. Надлежните институции интензивно работат на решавање на дефектот со цел да се обезбеди апсолутна безбедност на летовите.Ц

Во меѓувреме, само дел од прелетите се опслужуваат, а на аеродромите се воведени строги ограничувања. Грчките медиуми јавуваат дека прекинот на авионскиот сообраќај трае од околу 9 часот утрово.

Дел од летовите што требало да слетаат во Грција се пренасочуваат кон соседните земји, главно кон Турција. Патниците се информираат за доцнења или промена на аеродромите за слетување.

Ситуацијата останува динамична, а надлежните очекуваат брзо нормализирање на сообраќајот штом проблемот ќе биде отстранет.

Најнови вести од: Регион

Шпански весник „Вангуардија“: Поразот на Вучиќ отвора врата за зближување меѓу Србија и ЕУ

„Изборниот пораз на Александар Вучиќ отвора врата за приближување на Белград кон Европската Унија (ЕУ) по неколку години студенило.“ – истакнува според денешниот шпански весник „Вангардија“.

Најнови вести

To top