Во изјава до Вашингтон премиерката на Данска Мете Фредериксон упати остра порака до Доналд Трамп.
„Морам да го кажам ова многу јасно до Соединетите Американски Држави:
Апсолутно нема никаква смисла да се зборува за каква било потреба САД да го преземат Гренланд.
Соединетите Американски Држави немаат правна основа да анектираат една од трите земји на Кралството Данска.
Кралството Данска — и со тоа Гренланд — е членка на НАТО и затоа е покриено со колективната безбедносна гаранција на Алијансата. Веќе имаме одбранбен договор меѓу Кралството Данска и Соединетите Американски Држави кој им дава на САД широк пристап до Гренланд. Покрај тоа, Кралството има направено значителни инвестиции во безбедноста во Арктикот.
Затоа силно ги повикувам Соединетите Американски Држави да престанат со заканите кон историски близок сојузник, и кон друга земја и друг народ кои многу јасно изјавиле дека не се на продажба“, му порача на Трамп Мете Фредериксен, премиерка на Данска.
Преходно Трамп не исклучи анектирање на други земји.
Ако не слуша ќе помине полошо Мадуро – Трамп со пораки до Родригез и Гренланд