Бизнис

Поефикасна наплата на даноци и борба со сивата економија – почна тестирањето на системот е-фактура

Во Министерството за финансии отпочнати се активности за воведување нов механизам за независна и објективна проверка на примената на даночната регулатива во конкретни даночни постапки, со кој ќе се обезбеди правичен и фер однос, сигурност за даночните обврзници, оневозможување субјективизам во одлучување на даночните инспектори и намалување на споровите кои се разрешуваат во судски постапки. Дополнително заедно со УЈП ќе се отпочне и со дизајнирање на внатрешен механизам за контрола на квалитет во рамки на самата управа.

Управата за јавни приходи почна пилот примена  на системот е-Фактура, дигитална реформи во областа на јавните финансии и даночната администрација  што треба да овозможи подобра даночна усогласеност, поефикасна наплата на даноците, како и посилна борба против сивата економија.

  • „Борбата против сивата економија, односно нејзиното формализирање, е приоритет на Владата и дел од четиригодишната програма. Проценките на Светската банка, ММФ и Европската комисија укажуваат дека сивата економија во земјава изнесува околу 30 проценти од БДП, што е над просекот на Европската Унија. Затоа ни е потребен системски пристап, со мерки што ќе бидат од заеднички интерес и за државата и за бизнис-заедницата. Таа има силно влијание не само врз прибирањето на приходите во Буџетот, туку и врз реализацијата на проекти за подобро здравство, образование, социјална заштита, иновации и економски раст“, истакна минитерката за финансии.

Таа потенцира дека дигитализацијата на процесите во Управата за јавни приходи, како и во другите институции, е клучна за зголемување на ефикасноста и во прибирањето, и во трошењето на буџетските средства.

  • „Е-фактурата е дел од нашите напори за дигитална трансформација на јавните финансии. Упатувам честитки до Управата за јавни приходи за спроведувањето на оваа значајна реформа, која носи бенефит за државата преку намалување на сивата економија, но и значајни придобивки за економијата и за компаниите“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Како што појасни новиот електронски систем ќе ги замени традиционалните процеси поврзани со обемна употреба на хартија и физички документи  и дека со тоа се намалува административниот товар и се поедноставува работењето на фирмите. Според министерката преку дигитализацијата и ослободувањето од бројни административни обврски им се овозможува на компаниите своите ресурси да ги насочат кон клучните аспекти на нивниот развој и раст.

  • „Со Е-фактурата ја правиме економијата пофер, потранспарентна и поотворена за инвестиции, а конкуренцијата ја подигнуваме на повисоко ниво. На овој начин обезбедуваме фер услови за работа и основа за одржлив економски раст, кој директно придонесува за подобрување на животниот стандард на граѓаните.Од друга страна, за државата, Е-фактурата ќе овозможи поефикасна наплата на даноците, заснована на точни и реални податоци, како и поцврста и попрецизна борба против сивата економија“, рече министерката за финансии.

Таа потенцира дека воведувањето на Е-фактурата е дел од системскиот пристап на Владата во справувањето со неформалната економија, пристап кој ја зголемува транспарентноста и ја зајакнува довербата меѓу даночните органи и деловната заедница. Тоа е пристап, како што наведе, со кој градиме партнерство за поздрава и поконкурентна економија, со повисоки стапки на раст, повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати.

Наведувајќи дека Е-фактурата не е само техничко решение, туку темел на современа и одговорна економија, истакна дека таа ќе овозможи  државата да располага со навремени и точни податоци за носење квалитетни и одржливи економски политики во корист на граѓаните и стопанството. Според неа, во Министерството за финансии отпочнати се активности за воведување нов механизам за независна и објективна проверка на примената на даночната регулатива во конкретни даночни постапки, со кој ќе се обезбеди правичен и фер однос, сигурност за даночните обврзници, оневозможување субјективизам во одлучување на даночните инспектори и намалување на споровите кои се разрешуваат во судски постапки. Дополнително заедно со УЈП ќе се отпочне и со дизајнирање на внатрешен механизам за контрола на квалитет во рамки на самата управа.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Од долгогодишен застој и долгови, до позитивен раст, инвестиции и резултати, вели Трипуновски

Цветан Трипуновски се осврна на работењето во изминатите две години. Рече дека затекнале застој, институционален хаос, наталожени проблеми и нерешени предмети. Пад на производство, неплатени субвенции.

НБРМ: Надворешниот долг на Македонија се искачи на речиси 13 милијарди евра

Надворешниот долг на Македонија продолжува да расте. Според најновите податоци на Народната банка, на крајот на првиот квартал од 2026 година бруто надворешниот долг достигнал 12,94 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра или 6,1 проценти во однос на крајот на 2025 година.

ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола посветени сме на највисоките стандарди во интерес на заедницата

ТИТАН Усје е одговорен член на заедницата кој транспарентно работи и делува во согласност со законските обврски и континуирано инвестира во развој на општеството во целина.

(Видео): Ребаланс на буџет – Стабилност на јавните финансии, повеќе пари за инвестиции, економска активност и квалитетни услуги за граѓаните

Повеќе пари за патишта, железница и локални инфраструктурни проекти, но и повисок буџетски дефицит. Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година со кој капиталните расходи се зголемуваат за 5,8 милијарди денари, додека дефицитот достигнува 46,1 милијарди денари или 4,1 процент од БДП.

Државата дава неповратни 615.000 денари за сопствен бизнис

Парите се наменети за основање друштво со ограничена одговорност (ДОО) од двајца содружници, при што секој ќе поседува по 50 проценти од уделот во фирмата. Максималниот износ на грантот е 1,23 милиони денари, а парите ќе се користат за набавка на опрема и материјали предвидени во бизнис-планот.

To top