Бизнис

Државата ги продаде акциите на Сашо Мијалков во Алта банка

Од октомври Алта банка од Србија е новиот сопственик на Стопанска банка Битола. Понудата ја прифатија 262 акционери. Тие продадоа вкупно 344.420 хартии од вредност, што претставува 88,09 отсто од акционерскиот капитал. Банката од Белград понуди по 3.777 денари за акција издадена од Стопанска банка Битола. Потребно беше да се продадат најмалку 273.795 акции, односно 70,03 отсто од вкупно издадените 371.538 обични акции со право на глас.

Државата ги продаде запленетите акции на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, во поранешна Стопанска банка АД Битола (сега Алта банка), според она што е објавено како информација на Македонска берза, пренесе Фактор. Купувач е Алта банка,  но не е наведена платената сума, односно постигнатата цена по акција .Акциите ги продаваше преку оглас Агенцијата за управување со одземен имот како конфискувани во случајот „Империја“.

  • „Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за промени кај акционери со значителни удели: Согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, известуваме дека акционерот АЛТА БАНКА АД БЕЛГРАД се стекна со дополнителни 7.213 обични акции и сега поседува вкупно 371.944 обични акции односно 95,13% од вкупниот број на обични акции издадени од АЛТА банка АД Битола“, информира Македонска берза.

Владата минатиот месец и дозволи на Агенцијата за управување со одземен имот уште еднаш да ги понуди на продажба запленетите акции , овој пат само оние што ги поседува во Стопанска банка – Битола, односно Алта банка по ново, по што следуваше огласување на веб-страницата на агенцијата.

Речиси целосниот износ на акции што ги поседува Агенцијата за управување со одземен имот во поранешна Стопанска банка – Битола се конфискувани од поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Станува збор за 7.108 обични акции од хартиите од вредност во Стопанска банка  Битола, кои сочинуваат значајни 1,84 отсто во главнината на друштвото и чија номинална вредност беше 21.639.000 денари.

Инаку целокупно, на продажба како оглас на страната на Агенцијата за управување со одземен имот беа понудени вкупно 7.213 обични акции од банката со почетна продажна цена од 3.194 денари.

Јавната берзанска аукција се одржуваше од 5 до 13 јануари, а плаќањето беше предвидено да се врши во готово во денари.

“Порамнувањето треба да се изврши во рок од 2 дена од денот на одржувањето на јавната берзанска аукција“, беше објавено во огласот.

Од октомври Алта банка од Србија е новиот сопственик на Стопанска банка Битола. Понудата ја прифатија 262 акционери. Тие продадоа вкупно 344.420 хартии од вредност, што претставува 88,09 отсто од акционерскиот капитал. Банката од Белград понуди по 3.777 денари за акција издадена од Стопанска банка Битола. Потребно беше да се продадат најмалку 273.795 акции, односно 70,03 отсто од вкупно издадените 371.538 обични акции со право на глас.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top