Свет

Бројот на мртви во Иран се мери во илјадници, се користи сила без преседан, тврди Би-Би-Си

Американската новинска агенција Human Rights Activists News Agency (HRANA), која повеќе од 20 години ги следи протестите во Иран, наведува дека се убиени најмалку 2.000 луѓе, од кои 1.850 демонстранти. Претставници на агенцијата вчера изјавија дека дотогаш идентификувале околу 500 жртви и додадоа дека се уапсени повеќе од 16.000 демонстранти.

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата социјална мрежа „Truth Social“ упати директна порака до иранскиот народ, со посебен акцент на демонстрантите кои со денови масовно протестираат против иранскиот режим. Според досегашните информации, во жестоките протести во Иран загинале околу 2.000 лица. Во вакви околности, Трамп соопшти дека ја паузирал дипломатијата со Техеран, наведувајќи дека нема да одржи никакви средби со ирански официјални претставници додека не престане, како што рече, „бесмисленото убивање на демонстрантите“. Во објавата, американскиот претседател ги повика граѓаните на Иран да преземат конкретни чекори против властите.

„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ СО ПРОТЕСТИТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ СВОИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запомнете ги имињата на убијците и крвниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите состаноци со иранските функционери додека не престане БЕСМИСЛЕНОТО УБИВАЊЕ на демонстрантите. ПОМОШТА Е НА ПАТ. MIGA!!!“, напиша Трамп.

Акронимот „MIGA“ се однесува на слоганот „Make Iran Great Again“ („Да го направиме Иран повторно голем“), што претставува варијација на неговиот познат слоган „Make America Great Again“. Пораката на Трамп предизвика бројни реакции во меѓународната јавност, а засега нема официјален одговор од иранските власти. објави Скопје1.мк

Според дописникот на Би-Би-Си од Џијар Гол и извор кој разговарал со новинската агенција Ројтерс, се стравува дека бројот на жртви во масовните протести во Иран е во илјадници. Дописникот на Би-Би- Си вели дека „може со сигурност да каже дека бројот на жртви е во илјадници“, додавајќи дека иако владата претходно употребила сила, „овој пат тоа е апсолутно без преседан“.

Новинската агенција Ројтерс, исто така, објави дека ирански безбедносен претставник рекол дека бројот на жртви би можел да биде околу 2.000.

Проценката вклучува и безбедносен персонал, како и цивили. Портпаролот на канцеларијата на ОН за човекови права, Џереми Лоренс, на неодамнешната конференција во Женева изјави дека извештаите покажуваат дека стотици се убиени, а илјадници се уапсени.

Оваа проценка доаѓа од сопствени извори на ОН на терен, рече Лоренс.

  • „Ова се сигурни извори“, рече тој.

Различни фактори го отежнуваат утврдувањето на бројот на загинати за време на протестите во Иран. Земјата ги ограничува активностите на меѓународните новински организации во таа земја, а во последните пет дена има прекин на интернет. Масовни антивладини протести, поттикнати од влошените економски услови, ја зафатија земјата и претставуваат најголем предизвик за иранската влада во последните години.

Најнови вести од: Свет

Талибанците во Авганистан го легализираа семејното насилство: Донесен закон што дозволува мажот да ги тепа жената и децата!

Талибанците во Авганистан на 21 февруари го донесоа новиот Кривичен закон што им дозволува на мажите да ги тепаат своите „сопруги и деца“, под услов тоа да не резултира со „видливи фрактури или отворени рани“. Законот го класифицира семејното насилство како „дискреционо“ прашање, наместо да го третира како изричито кривично дело.

Орбан до Зеленски: 4 години сакате да нè вовлечете во војната меѓу Украина и Русија

Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“, му порача Орбан на украинскиот претседател

To top