Хроника

Не им иде умот – Уапсен судски работник за барање мито

Уапсен за 100 евра, кој знае што би направил за 100 илјади

Вработен во Основен суд во Гостивар е уапсен вчера поради „примање поткуп“, по што ќе следува пријава од МВР.

На 20.01.2026 во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.

Според пријавеното од Н.А. од село Калиште, општина Врапчиште, А.Ј. – вработен во Основен суд Гостивар, го контактирал неговиот пријател С.М. од Гостивар и му понудил за сума од 100 евра да избрише судска казна од 200 евра и забрана за управување со возило од шест месеци, тврдејќи дека документите пристигнале кај него за извршување и дека може да му заврши работа.

Како што е пријавено, Н.А. во име на неговиот другар го побарал А.Ј. и договориле средба во угостителски објект во Гостивар, а откако се сретнале го информирал дека е новинар и дека снима, по што А.Ј. се обидел да се оправда дека се шегува и се обидел да побегне.

А.Ј. е задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

Пијан гостиварец „успеал“ вчера да биде уапсен двапати – првин поради ѓурултија на „Галичката свадба“, а потоа и во Гостивар!

Гостиварец вчера двапати бил уапсен пијан. Првпат претпладнето во Галичник, поради агресивно однесување на манифестацијата Галичка свадба, а потоа синоќа во Гостивар, поради нарушување на јавниот ред и ред, во пијана состојба.

Кривични пријави против А.З.(55) и И.М.(32) од Охрид – на 8.7.2026 му продале на С.П. (44) паковка со кокаин, која ја проголтал, пресретнат од полиција, па починал

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.З.(55) и И.М.(32), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека А.З. сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а заедно со И.М. сториле кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“. На двајцата, одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

To top