Македонија

Македонија не треба да брза во однос на Гренланд, смета Милошоски

Ексминистерот за надворешни работи со поддршка за ставот на актуелниот шеф на дипломатијата за тензиите околу островот

Поранешниот министер за надворешни работи и сегашен претседател на собраниската Комисија за европски прашања, Антонио Милошоски, го поддржува ставот за Гренланд на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, кој изјави дека „внимателно ја следиме ситуацијата“ и „веруваме дека ќе се најде решение во согласност со меѓународното право“.

„Македонија не треба да брза, туку да продолжи внимателно да го следи развојот на настаните во врска со прашањето за Гренланд, за кое позициите на Данска и на САД сериозно се разликуваат. Прво, затоа што САД и Данска не се единствените земји-членки на НАТО кои имаат такви несогласувања. На пример, Шпанија и Велика Британија со години имаат спор околу суверенитетот над Гибралтар и водат дијалог за ова прашање“, изјави Милошоски за „Слободен печат“.

Како друг пример, тој ги спомена Турција и Грција, кои сè уште имаат несогласувања во врска со обемот на нивната поморска граница и територијалниот интегритет на два ненаселени острови во источниот дел на Егејското Море.

„Затоа, мислам дека ставот на министерот Муцунски е исправен дека на прашањето за Гренланд треба да му се даде шанса за дијалог во рамките на НАТО. Како земја-членка на НАТО, треба да ги охрабриме и разговорите во рамките на трилатералната работна група што ја формираа Данска, Гренланд и САД, за да се постигне заемно прифатливо решение за безбедносната компонента на Арктикот. Со малку добра волја и поголем дипломатски ангажман, верувам дека дури и за ова спорно прашање може да се најде решение“, додаде пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top